Данска-Норвешка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Данска–Норвешка (на дански и норвешки: Danmark–Norge) ― реална унија меѓу Кралството Данска, Кралството Норвешка (вклучувајќи ги и тогашните норвешки прекуморски поседи: Фарски Острови, Исланд, Гренланд и други поседи), Војводството Шлезвиг и Војводството Холштајн која постоела од 1536 до 1814 година. Државата, исто така, имала суверенитет над три историски народи: Фризи, Гути и Венд . Унијата била позната и како Данско-Норвешко Царство (Det dansk-norske rige), Кралство на близнаци (Tvillingerigerne) или Олденбуршка Монархија (Олденбург-monarkiet)
Данска–Норвешка Danmark–Norge
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Kong Christian stod ved højen mast |
||||||
Главен град | Копенхаген (Данска) Осло (Норвешка) | |||||
Уредување | Монархија
|
Во државата претежно живееле Данци, Норвежани и Германци, но имало и Фарчани, Исланѓани и Инуити (во норвешките поседи во странство), малцинско население Сами во северна Норвешка, како и други домородни народи. Поголеми градови во Данска-Норвешка биле Копенхаген, Кристијанија (Осло), Алтона, Берген и Трондхајм, а примарни официјални јазици биле данскиот и германскиот, но месно се зборувале и норвешки, исландски, фарски, сами и гренландски.[1][2]
Дано-норвешката унија траела до 1814 година,[3] кога според одредбите на Договорот од Кил Норвешка (освен Фарски Острови, Исланд и Гренланд) требало да ѝ се отстапи на Шведска. Норвешка сепак не го признала договорот, прогласила независност по што следела Шведско-норвешката војна од 1814 година. Норвешка потоа влегла во многу полабав личен сојуз со Шведска до 1905 година. По распуштањето на таа унија и двете кралства станале независни држави.