Грко Поле
село во Општина Дебрца From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Дебрца From Wikipedia, the free encyclopedia
Грко Поле — село на Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.
Грко Поле | |
Поглед на селото Грко Поле | |
Координати 41°17′25″N 20°51′54″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Дебрца |
Област | Дебрца |
Население | 14 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 6344 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 887 м |
Грко Поле на општинската карта Атарот на Грко Поле во рамките на општината | |
Грко Поле на Ризницата |
Селото Грко Поле се наоѓа во областа Дебрца. Околни села се Велмеј на северозапад, Лешани на југ, и Горно и Долно Средоречие на запад.[2]
Во XIX век, Грко Поле се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Грко Поле имало 20 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Грко Поле имало 48 жители.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Гркополе е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 6 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[6]
На пописот од 2002 година, селото имало 30 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 14 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 20 | 48 | 60 | 59 | 52 | 63 | 55 | 37 | 27 | 30 | 14 |
Грко Поле е македонско православно село. Селото е младо по постанок, основано е средината на XIX век од грчкиот род Маргаритовци, кои живееле во Охрид. Тие на лето живееле во селото додека зиме биле во Охрид. Потоа со селото завладеале Турци, тие ја купиле земјата и потоа се населиле македонски родови кои работеле за нив. Најстари родови во селото се Сошанковци и Џукаровци, пред крај на турското владеење се населиле и Малесорци.[12]
Родови во Грко Поле се: Сошанковци (6 к.) доселени се средината на XIX век од селото Сошани, каде биле старинци; Џукаровци (2 к.) доселени во исто време со Сошанковци, доселени се од селото Белчишта, таму биле старинци и Малесорци (3 к.), доселени се 1909 година од селото Присовјани, Малесија.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Грко Поле се:
Лукачовци (2 к.), доселени се околу 1870 година од селото Белчишта, каде имаат истоимени роднини, уште подалечно потекло имаат од селото Луково, Дримкол; Крстевци (5 к.), доселени се во 1898 година од селото Долно Средоречие, а таму се доселиле од селото Сошани (затоа ги викаат и Сошанковци) во Сошани припаѓале на родовите Иловци и Андревци; Ристовци (3 к.), доселени се во 1913 година од селото Присовјани, Малесија, каде припаѓале на родот Грковци, ги викаат и Малесорци (по областа Малесија)[2]
Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото претставувало дел од некогашната Општина Белчишта.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Грко Поле, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Грко Поле се наоѓало во некогашната Општина Велмеј, во која влегувале селата Брежани, Велмеј, Грко Поле и Лешани.
Во селото постои избирачкото место бр. 1322 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата на селото Лешани.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 384 гласачи.[14]
Од Ристовци иселеници има во Австрија (две семејства, од 1920 година).[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.