Војна на Третата коалиција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Војната на Tретата коалиција [note 1] била војна помеѓу Франција и нејзините сестрински држави против сојузот на Третата коалиција составена од Обединетото Кралство, Светото Римско Царство, Руската Империја, Неапол, Сицилија и Шведска во периодот од 1803 до 1806 година. Прусија останала неутрална за време на војната.
Војна на Третата коалиција | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Наполеоновите војни и Коалициските војни | |||||||
Наполеон во Битката кај Аустерлиц, од Франсоа Паскал Симон, Барон Жерар |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Прва Француска Република (до 1804) Прво Француско Царство (по 1804) |
|||||||
Жртви и загуби | |||||||
Свето Римско Царство: 20,000 убиени или ранети 70,000 заробени Русија: 25,000 убиени или ранети 25,000 заробени Неапол: 20,000 убиени, ранети или заробени Вкупно жртви: 160,000 убиени, ранети или заробени | Франција: 13,500 убиени 37,000 ранети 5,000 заробени Италија: 350 убиени 1,900 ранети Шпанија: 1,200 убиени 1,600 ранети Баварија: 300 убиени 1,200 ранети Вкупно жртви: 62,050 убиени, ранети или заробени |
Велика Британија веќе била во војна со Франција по прекршувањето на Амјенскиот мировен договор и била единствената земја која сè уште војувала со Франција по Пожунскиот договор. Од 1803 до 1805 година, Британија бил под постојана закана од француска инвазија. Британската кралска морнарица, сепак, успеала да воспостави власт врз морињата и ја уништила француско-шпанска флота во битката кај Трафалгар во октомври 1805 година.