Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Амјенскиот мировен договор (француски : la paix d'Amiens) бил мировен договор потпишан на 25 март 1802 година во францускиот град Амјен и со него привремено се ставил крај на непријателствата меѓу Франција и Обединетото Кралство. Договорот под името „Дефинитивен договор за мир“ го потпишале Жозеф Бонапарт и маркизот Корнволис. Овој договор го означува крајот на Војната на Втората коалиција и на Француските револуционерни војни.
Мирот по потпишувањето на овој договор траел една година (до 18 мај 1803 година) и бил единствениот период на општ мир во Европа во периодот од 1793 до 1814 година. Прекршувањето на Амјенскиот договор го означува стартот на Наполеоновите војни..
Според договорот, Британија ја признала Француската Република. Исто така Британија се откажала од повеќето неодамнешни освојувања; Франција требало да се повлече од Неапол и Египет. Британија ги задржала Цејлон (Шри Ланка) и Тринидад.
Договорот, покрај потврдување на „мирот, пријателството и доброто разбирање“, ги задолжувал договорните страни со следново:
Два дена по потпишувањето на договорот, сите четири страни потпишале дополнување, кое наведувало дека некористењето на јазиците на сите земји потписнички (договорот бил објавен на англиски и француски) не е штетно и на него не треба да се гледа како на преседан. Исто така, се наведувало дека изоставувањето на титули на поединци било ненамерно и без намера за предрасуди. Холандските и француските претставници потпишале засебна конвенција, која појаснува дека Република Батавија нема финансиски да биде одговорна за надоместокот исплатен на Орање-Насау династијата.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.