From Wikipedia, the free encyclopedia
Војводство Крањска (германски: Herzogtum Krain, словенечки: Vojvodina Kranjska, латински: Carniolia) — војводствo на Светото Римско Царство кое било основано во 1364 година и опстојувало до нејзиното распаѓање во 1806 година. Војводството било во составот на Цислајтанија како дел од Австроунгарија до 1918 година кога било вклучено во составот на Кралство СХС.
Војводство Крањска Vojvodina Kranjska (sl) Herzogtum Krain (de) | ||||||
Држава во Светото Римско Царство и Австриско Царство | ||||||
| ||||||
| ||||||
Главен град | Љубљана | |||||
Управа | Кнежевство | |||||
Историски период | Среден век | |||||
- | Марка Крањска доделено на Хабсбуршка династија |
1335 | ||||
- | подигнато во ранг на Војводство | 1364 | ||||
- | Приклучено на Австриски округ | 1512 | ||||
- | Во состав на Илирски провинции |
1809 | ||||
- | Вратена на Австриско Царство | 1815 | ||||
- | Дел од Кралство СХС |
1918 | ||||
Војводството ги опфаќало териториите на централниот дел од денешна Словенија, а седиштето на војводството се наоѓало во Љубљана. На север војводството се граничило со Војводство Корушка и Војводство Штаерска.
Војводство Крањска во 1900 година опфаќало површина од 9.955 км2 и 520.000 жители.
По смртта на Хајнрих од Бохемија во 1335 година, тој не оставил машки наследници па престолот бил префрлен на Хабсуршката династија.
Од 1364 година по наредба на Рудолф IV и Privilegium maius, Крањска била прогласена за војводство. Рудолф IV на 7 април 1365 година го основал во долниот дел од војводството градот Рудолфсверт кој бил наречен во негово име, или денешниот град Ново Место во Словенија. Во 1374 година Хабсуршката династија, врз основа на склучениот наследен договор од 1363/1364 година од грофот Алберт IV од младата линија на Мајнхардините од Горица, наследнил територии кои биле вклучени во составот на Војводство Крањска.
Кај двете наследни поделби на Хабсбурговците меѓу 14 и 16 век, Крањска била дел од Внатрешна Австрија и управувана од Грац.
Во времето на Наполеоновите војни, војводството било освоено во 1807-1809 година од Наполеон Бонапарт и анектирана, за да во 1809 година биде дел од т.н. Илирски провинции.
Во 1849 година Кралство Илирија се распаднало и Војводство Крањска станала самостојна земја на австриската круна до 29 октомври 1918 година
Јазик | Население | Процент |
---|---|---|
словенечки | 426.013 | 91,82% |
германски | 37.307 | 8,04% |
останати | 636 | 0,14% |
Вупно | 463.956 | 100% |
Јазик | Население | Процент |
---|---|---|
словенечки | 491.107 | 94,38% |
германски | 28.120 | 5,41% |
останати | 1.100 | 0,21% |
Вупно | 520.327 | 100% |
Религија | Население | Процент |
---|---|---|
римокатолици | 519.227 | 99,79% |
останати (протестанти и унијати) | 1.100 | 0,21% |
Вупно | 520.327 | 100% |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.