From Wikipedia, the free encyclopedia
Фридрих III (германски: Friedrich III, роден на 21 септември 1415 во Инсбрук - починал на 19 август 1493 во Линц) — надвојвода на Австрија (под името Фридрих V) од 1424 година, германски крал (под името Фридрих IV) од 1440 година[1] и цар на Светото Римско Царство од 1452 година до неговата смрт. Негов претходник бил Сигизмунд, а наследник бил неговиот син Максимилијан I.
Фридрих III | |
---|---|
Римско-германски цар | |
На престол | 2 февруари 1440 – 19 август 1493 |
Крунисување | 17 јуни 1442 |
Претходник | Албрехт II |
Наследник | Максимилијан I |
Цар на Светото Римско Царство | |
На престол | 19 март 1452 – 19 август 1493 |
Крунисување | 19 March 1452 |
Претходник | Сигизмунд |
Наследник | Максимилијан I |
Надвојводство Австрија | |
На престол | 23 ноември 1457 – 19 август 1493 |
Претходник | Ладислав V |
Наследник | Максимилијан I |
Роден(а) | 21 септември 1415 Инсбрук, Грофовија Тирол |
Починал(а) | 19 август 1493 77) Линц, Надвојводство Австрија | (возр.
Почивалиште | |
Сопружник | Елеонора Португалска |
Деца | Максимилијан I Кунигунда |
Династија | Хабсбуршка династија |
Татко | Ернест Железниот |
Мајка | Кимбурга Масовиска |
Вероисповед | Римокатоличка црква |
Роден во Инсбрук, Австрија, Фридрих бил син на војводата Ернест Железниот од линијата на Леополдите од Хабсбуршката династија, кој управувал со Внатрешна Австрија или поточно Штаерска, Корушка и Крањска. Негова мајка била Кимбурга Масовиска. Тој станал надвојводата на Австрија (под името Фридрих V) во 1424 година, кога имал само 9 години. Во 1440 година бил избран за германски крал под името Фридрих IV, а дванаесет години потоа ја добил титулата цар на Светото Римско Царство како Фридрих III. Фридрих склучил брак во 1452 кога имал 37 години со осумнаесетгодишната принцеза Елеонора-Елена Португалска (1436-1467), ќерка на португалскиот крал Дуарте I, чиј имот му помагнал да ги исплати долговите и да ја зацврсти својата власт.
Во 1442 година Фридрих направил сојуз со Рудолф Штуси, владетел на градот Цирих, против Стариот Швајцарски Сојуз, започнувајќи ја Старата цириска војна (Alter Zürichkrieg), која завршила во корист на швајцарската унија.
Во 1448 година Фридрих склучил договор со папата, наречен Vienna Concordat, кој останал во сила до 1806 година и кој договор го одредувал односот помеѓу династијата и папството.
Фридрих бил последниот цар, крунисан во Рим. Ова се случило во 1452 година од папа Николај V. Во тоа време тој бил против реформата на Светото Римско Царство и едвај успеал да го убеди својот сенат да не избира друг крал.
Фридрих III се смета за последниот цар на средниот век. Големата криза на органите на управување на царството, неефикасноста на царската власт и практично целосната независност на германските кнезови, постепено се зголемиле во текот на последниот век како со најголема полнота се појавиле во управувањето на Фридрих III. Политиката која Фридрих ја водел како цар во целина била успешна. Најголемиот негов противник бил неговиот брат Албрехт, кој ја оспорувал неговата власт. Фридрих не успеал да освои ниту еден конфликт на бојното поле и поради оваа причина користел поинакви методи. Тој го држел како затвореник својот внук Ладислав V, владетел на Австрија, Унгарија и Бохемија (роден 1440 година) и се обидел да го зголеми своето влијание над него, за да ја заземе Долна Австрија под своја власт. Ладислав би ослободен во 1452 година. Фридрих на сличен начин се однесувал и со друг свој внук - Сигизмунд. И покрај овие свои напори, тој не успеал да ги присвои Унгарија и Бохемија. Фридрих бил победен од кралот на Унгарија Матијаш Корвин во 1485 година, кој успеал да ја освои Виена, каде и останал до својата смрт по пет години. На крајот Фридрих на еден начин ги поразил на своите непријатели, главно поради тоа што ги надживеал и дел од нивните земји ги наследил. Таков е случајот со неговиот внук Ладислав од кого ја добил Долна Австрија во 1457 година. Истото се случило и со неговиот брат Албрехт VI, кога по неговата смрт, Фридрих го наследнил престолот во Горна Австрија. Овие конфликти го присилиле да живее анахроното и постојано да патува. Својот царски двор или својата резиденција на повеќепати во текот на годините од своето управување биле преместувани во Грац, Линц и потоа во Винер Нојштат[2], каде изградил и манастир.
И покрај овие работи, неговата политика била изненадувачки успешна. Во Опсадата на Нојс (1474-75) тој успеал да го убеди војводата од Бургундија Карло Храбриот да ја даде својата ќерка Марија Бургундска за сопруга на неговиот син Максимилијан I. Со наследувањето на Бургундија, Хабсбуршката династија започнала да добива поголема моќ во Европа. Ова води до појава на поговорката:
Нека другите водат војни, а ти, среќна Австрија, ќе се жениш.
Бракот на ќерка му Кунигунда Австриска за Албрехт IV, војводата од Баварија, бил резултат на желбата на Фридрих да приграби уште власт, но и покрај тоа бракот на крајот се покажал како загуба за Фридрих. Албрехт незаконски зел под контрола неколку царски феудални имот и последователно ја побарал раката на Кунигунда, која живеела во Инсбрук и далеку од својот татко. Како мираз тој и ветувал заземен од него феудални имот. Фридрих првично се согласил, но откако Албрехт присвоил уште едно владение - Регенсбург, царот ја повлечел својата согласност. На 2 јануари 1487 сепак неговата ќерка се омажила за Албрехт пред одлуката на нејзиниот татко да дојде до неа. Војната била избегната благодарение на синот на Фридрих, Максимилијан.
Во 1469 Фридрих III успеал да создаде епископии во Виена и Винер Нојштат што не било постигнато пред него од никој војвода на Австрија.
На 77-годишна возраст Фридрих III починал во Линц по неуспешен обид за ампутација на левата нога. Неговиот гроб бил изграден од Николаус Герхарт во катедралата Свети Стефан во Виена. Ампутираната нога била погребана заедно со него[3].
Во последните десет години од својот живот Фридрих управувал заедно со својот син Максимилијан.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.