Ват Арун
будистички храм во Бангкок, Тајланд / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ват Арун Ратчаварарам Рачаварамахавихан (тајландски: วัดอรุณราชวราราม ราชวรมหาวิหาร) или Ват Арун (тајландски изговор: [wát ʔarun], („Храмот на зората“) ― будистички храм (ват/уат) во областа Бангкок Јај во Бангкок, Тајланд, на западниот брег Тонбури на реката Чао Праја. Храмот го добил своето име од хиндускиот богот Аруна,[1] често персонифициран како зрачењето на изгрејсонцето. Ват Арун е меѓу најпознатите знаменитости на Тајланд. Првата светлина од утринските часови се одбива од површината на храмот со бисерен ефект.[2] Иако храмот постои од XVII век, неговиот карактеристичен пранг (кула) бил изграден во почетокот на деветнаесеттиот век за време на владеењето на Рама II и Рама III.
Храм на зората | |
---|---|
Ват/Уат арун ратчаварарам/ратчауварарам | |
Ват Арун ноќе, по возобновувањето во 2017 година | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Thailand Bangkok" does not exist | |
Основни податоци | |
Координати | 13°44′37″N 100°29′20″E |
Припадност | Теравадски будизам |
Земја | Тајланд |
Мреж. место | watarun1.com |
Архитектонски опис | |
Завршен |
|
Будистички храм постоел на местото Ват Арун уште од времето на Кралството Ајутаја. Тогаш бил познат како Ват Макок, по селото Банг Макок во кое бил изграден (Макок е тајландско име за растението Spondias pinnata). Според историчарот, и принц Дамронг Раџанубаб, храмот бил прикажан на француските карти за време на владеењето на Нарај (1656–88). Храмот бил преименуван во Ват Чаенг од Таксин (1767–82) кога го основал својот нов главен град Тонбури во близина на храмот, по падот на Ајутаја.[3] Се верува дека Таксин ветил дека ќе го обнови храмот откако ќе го помине во зори. Храмот ја зачувал сликата на Смарагден Буда пред да биде пренесена во Ват Пра Каев на источниот брег на реката во 1784 година.[4] Храмот се наоѓал на теренот на кралската палата за време на владеењето на Таксин, пред неговиот наследник Рама I (1782–1809) да ја премести палатата на другата страна на реката.[2] Храмот бил напуштен до владеењето на Рама II (1809–24), кој го обновил храмот и почнал да планира да ја подигне главната пагода на 70м.[2] Работата на пагодата започнала за време на владеењето на Рама III(1824–51). Главниот пранг бил завршен во 1851 година, по девет години континуирана изградба.[5]
Храмот претрпел големи реставрации за време на владеењето на Чулалонгкорн (Рама V, 1868–1910) и во 1980 година, пред прославата на двестегодишнината од основањето на Бангкок. Најобемните возобновувачки работи на прангот биле преземани од 2013 до 2017 година, при што биле заменети значителен број на скршени плочки и бел употребен варов малтер за доработување на многу од површините (заменувајќи го цементот, користен при претходните обновувања). Како што работата се приближувала до својот крај во 2017 година, фотографиите од резултатите предизвикале одредени критики за новиот изглед на храмот, кој изгледал многу бел во споредба со неговата претходна состојба. Одделот за ликовни уметности го бранел делото, наведувајќи дека тоа било внимателно направено за да го одрази првобитниот изглед на храмот.[6][7]