Тајландски јазик
главен јазик во Тајланд / From Wikipedia, the free encyclopedia
Тајландски јазик или тајски јазик (ภาษาไทย, мктр. паса тај [pʰāːsǎː tʰāj] ( слушнете)), поточно централен тајски[2] или сијамски — државен и службен јазик на Тајланд и мајчин јазик на Тајланѓаните (Тајци). Спаѓа во групата на тајски јазици во рамките на крадајското јазично семејство (тај-кадај). Некои зборови во тајландскиот се позајмени од пали, санскрит и старокмерскиот. Тајландскиот е тонски и аналитички јазик. Има сложен правопис и разни зборови за односно означување. Тајландскиот е заемно разбирлив со лаоскиот јазик.[3]
Кратки факти Тајландски, Изговор ...
Тајландски | |
---|---|
ภาษาไทย паса тај Сијамски | |
Изговор | pʰāːsǎː tʰāj |
Застапен во | Тајланд, северна Малезија, Камбоџа, јужна Бурма, Лаос, САД, Канада, Франција, Англија, Австралија |
Народ | Тајланѓани |
Говорници | 26 милиони [1] вкупно: 60 милиони (2001) |
Јазично семејство | крадајско
|
Писмо | тајландска азбука |
Статус | |
Службен во | Тајланд |
Регулативен орган | Кралски институт |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | th |
ISO 639-2 | tha |
ISO 639-3 | tha |
Linguasphere | 47-AAA-b |
Затвори