Теравада
From Wikipedia, the free encyclopedia
Теравада (пали: थेरवाद, theravāda (сп. санскрит: स्थविरवाद, sthaviravāda); буквално „учењето на старешините“ или „античкото учење“) е најстарата будистичка школа кое се одржува и постои до ден денес. Оваа школа понекогаш погрешно се нарекува и хинајана („малиот пат“), спротивно од махајана („големиот пат“).
Теравада е многу распространето учење и е доминантен облик на будизмот во Шри Ланка (околу 70%[1]) како и во поголемиот дел од југоисточна Азија (Лаос, Мјанмар, Тајланд и Камбоџа). Теравада исто така се практикува од страна на малцинствата во делови од југозападна Кина, Виетнам, Бангладеш, Малезија и Индонезија.