From Wikipedia, the free encyclopedia
Изгрејсонце или изгрев – време кога изгрева Сонцето[1][2]. Тоа е времето од денот, кога дискот на Сонцето почнува да се појавува на исток над хоризонтот. Изгрејсонцето не треба да се меша со зората, при која ноќното небо почнува да се осветлува и која настапува некое време пред изгрејсонцето. Поради рефракцијата на Сончевите зраци во атмосферата изгледа дека Сонцето се гледа, додека фактички тоа сè уште е под хоризонтот. Како изгрејсонцето, така и зајдисонцето може да се третира како визуелна измама.
Привидното вртење на Сонцето околу Земјата во западна насока по изгрејсонцето фактички се должи на ротацијата на Земјата околу нејзината оска во источна насока. Илузијата за ротацијата на Сонцето околу Земјата е толку убедлива така што во повеќето светски митологии и религии е усвоен геоцентричниот модел на светот.
Луѓето за изгрејсонце го сметаат моментот кога над хоризонтот ќе се покаже врвниот дел од сончевиот диск, а не неговиот центар. На ист начин за зајдисонце се прифаќа моментот кога не средиштето, туку последните делови од дискот ќе исчезнат под хоризонтот. На тој начин благо се зголемува времетраењето на „денот“ во однос на „ноќта“. Сепак, астрономите ги засноваат пресметките за времетраењето на денот токму на моментите кога центарот на дискот го преминува хоризонтот.
Во северната полутопка изгрејсонце најдоцна настапува не на зимската краткодневица (околу 21 декември), туку во почетокот на јануари. Аналогно, најраното изгрејсонце не настапува на долгодневицата (околу 21 јуни), туку малку порано во јуни. При движење од екваторот кон Северниот Пол моментите на изгрејсонце и зајдисонце се менуваат, како што се менуваат и во различните денови през годината. И на самиот екватор моментите на изгрејсонце и зајдисонце варираат во текот на годината во рамките на неколку минути.
„Изгрејсонце“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.