француски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Варан Баргиј (француски: Warren Barguil; р. 28 октомври 1991 ) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Фортунео-Самсик.[3]
Баргуј на Тур де Франс 2018 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Варан Баргиј | ||
Прекар | Вава[1] | ||
Роден | 28 октомври 1991 Енбон, Франција | ||
Висина | 1,82 м[2] | ||
Маса | 61 кг[2] | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Фортунео-Самсик | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување | ||
Аматерски клубови | |||
2010–2011 2011 2012 2012 | АК Ланестер 56 Бретањ-Шулер (стажант) КК Етуп Аргос-Шимано (стажант) | ||
Професионални клубови | |||
2013–2017 2017- | Аргос-Шимано Фортунео-Самсик | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 3 мај 2020 |
Најпознат е по освојувањето на две планински етапи и планинскиот пласман на Тур де Франс 2017. Има освоено и две етапи на Вуелта а Еспања 2013.
Баргиј ја започнал својата професионална кариера во 2011 година, кога возел за Бретањ-Шулер како стажант. Додека возел за оваа екипа ја освоил осмата етапа на Тур де л’Авенир и завршил петти во генералниот пласман. Следната година возел како стажант за Аргос-Шимано. Ова било успешна сезона, освојувајќи го Тур де л’Авенир и завршил како втор на Тур де По де Савоја.
За сезоната 2013, Баргиј се приклучил на екипата како редовен возач. Тогашниот 21-годишен возач ја забележал една од најголемите победи во својата кариера, победувајќи на етапите 13 и 16 на Вуелта а Еспања. Баргиј немал други победи во сезоната, завршувајќи како четврти на Трката околу Келн и осми на Гран при д’Увертир Ла Марсејез.
Првиот резултат меѓу првите десет на Баргиј во сезоната 2014 дошол на Класик Ла Дром, каде завршил осми. Една недела потоа завршил осми повторно, овој пат на Страде Бјанке. Негов прв резултат меѓу првите десет на некоја поголема етапна трка бил на Волта а Каталуња, каде завршил на 9. место. Баргиј сакал да настапи на Тур де Франс, но екипата сакала Баргиј повторно да биде на Вуелта а Еспања, но да се насочи на генералниот пласман. Баргиј завршил осми на крајот на Вуелта, со негов најдобар етапен резултат на претпоследната етапа (етапа 20) на шестото место. Ја завршил сезоната во Кина, каде настапил на Трката околу Пекинг и завршил на шестото место.
Сезоната 2015 била прва каде главна цел на Баргиј била Тур де Франс. Баргиј се мачел со формата во пролетниот дел од сезоната, но завршил на 12. место на Тур де Франс како подготовка за Тур де Франс. Една недела по Тур де Свис, завршил четврти на националното друмско првенство. Баргиј ја отворил Тур де Франс со одлична прва недела, завршувајќи 13. на Мур де Бретањ и бил на осмото место во генералниот пласман по таа етапа. Се мачел во последната трета недела и отпаднал од првите 10 на последните етапи; ја завршил Тур на 14. место на крајот.
На 23 јануари 2016 година, Баргиј бил еден од шестемина од Џајант кои биле удрени од автомобил додека тренирале во Шпанија. Сите возачи биле во стабилна состојба.[4]
Баргиј завршил на шестото место на еднодневниот класик Лиеж-Бастоњ-Лиеж. Претходно завршил на 9. место на Флеш Валон. Баргиј завршил трет на седмата етапа на Тур де Свис и затоа ја презел жолтата маичка пред да отпочнат последните две етапи. Меѓутоа го изгубил водството следниот ден, поради тоа што завршил на 21. место на поединечниот хронометар. Баргиј покажал одлична форма на почетокот на Тур де Франс и бил на 4. место во генералниот пласман во првата недела. Меѓутоа, во текот на трката неговата форма опаѓала и на крајот завршил на 23. место. Учествувал на Олимписките игри, но се откажал од друмската трка. Исто така, ја напуштил Вуелта а Еспања на третата етапа. Негов најдобар резултат на есенските класици било осмото место на Џиро ди Ломбардија.
Баргиј ја презел точкестата маичка по деветтата етапа на Тур де Франс; бил поразен за влакно на целта од Ригоберто Уран во возбудлив фотофиниш.[5] Ја освоил тринаесеттата етапа во спринтерска завршница помеѓу четворицата членови на бегството, поразувајќи ги Наиро Кинтана, Алберто Контадор и Микел Ланда; со тоа станал првиот Французин кој освоил етапа на Тур де Франс на Денот на Бастилја од победата на дванаесеттата етапа на Давид Монкутје во 2005 година.[6][7][8] Баргиј, исто така, ја освоил осумнаесеттата етапа (завршувала на искачување од екстра категорија) откако се одвоил од предводникот на етапата Дарвин Атапума (кој водел со 1 минута и 45 секунди на пет километри пред целта) 800 метри пред целта. По победата на етапата, Баргиј имал несовладливи 89 бода пред второпласираниот Примож Роглич во рамките на планинскиот пласман.[9][10]
Баргиј бил исфрлен од Вуелта а Еспања 2017 од Тим Санвеб по крајот на седмата етапа. Бил на 13. место во генералниот пласман со време 1:43 зад предводникот на трката Крис Фрум. Причините од екипата биле: негово несогласување со екипата за целите и тактиката; сакал слободна улога на планинските етапи и дека ова довело до неколку несогласувања во екипата; неговото одбивање да ги послуша наредбите на екипата за чекање на Вилко Келдерман откако Холанѓанецот имал дупната гума на седмата етапа и изгубил време поради тоа.[11][12]
За сезоната 2018, Баргиј се приклучил на професионалната континентална екипа Фортунео-Самсик, потпишувајќи тригодишен договор со француската екипа.[13] Баргиј ја отворил сезоната на Тур Ла Прованс и завршил на 32. место. Негова прва трка во Светската турнеја во сезоната била Париз-Ница, каде завршил на 17. место. Неколку недели подоцна завршил на 15. место на Волта а Каталуња. На Критериум ди Дофине нападнал на шестата етапа, но подоцна бил достигнат од групата на фаворити. На Тур де Франс, Баргиј го направил првиот напад на првата планинска етапа, но немал среќа. На следните две етапи бил во бегство и собрал бодови за точкестата маичка. Завршил втор на крајот во планинскиот пласман и на 17. место во генералниот пласман. Негова завршница меѓу првите десет била на Трката околу Германија, каде завршил шести. Негов најдобар резултат во сезоната бил во септември кога завршил трет на ГП де Валони.
По тешкиот почеток во 2019 година, Баргиј го освоил националното друмско првенство во спринтерска завршница. Претходно се размислувал да се повлече од спортот поради недостиг на успех.[14] Баргиј настапил на Тур де Франс како вообичаено, повторно со цел за етапни победи.[14] Нападнал на неколку планински етапи, покажувајќи добра форма, но не успеал да освои етапи. Меѓутоа, завршил на 10. место на крајот. По Тур де Франс, Баргиј потврдил дека ќе остане со Аркеа-Самсик уште една сезона, иако добивал понуди од други екипи од Светска турнеја.[15]
Распоред на резултатите на големите трки | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Голема трка | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
Џиро | не настапил во текот на кариерата | ||||||
Тур | — | — | 14 | 23 | 10 | 17 | 10 |
Вуелта | 38 | 8 | — | СО | СО | — | — |
Распоред на резултатите на етапните трки | |||||||
Етапна трка | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
Париз-Ница | 72 | — | СО | — | 17 | СО | 8 |
Тирено-Адријатико | не настапил во текот на кариерата | ||||||
Волта а Каталуња | — | 9 | 17 | 22 | — | 15 | СО |
Трка околу Баскија | СО | 20 | — | СО | 16 | — | — |
Тур де Романди | — | — | — | — | СО | — | — |
Критериум ди Дофине | 18 | — | — | — | 30 | 19 | 13 |
Тур де Свис | — | 30 | 12 | 3 | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Монумент | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | не настапил во текот на кариерата | ||||||
Трка околу Фландрија | |||||||
Париз-Рубе | |||||||
Лиеж-Бастон-Лиеж | — | 29 | 34 | 6 | 38 | 53 | — |
Џиро ди Ломбардија | 47 | 36 | 20 | 8 | 34 | 26 | — |
Класична трка | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
Страде Бјанке | — | 8 | — | — | — | — | — |
Амстел Голд Рејс | — | — | 72 | 15 | 45 | — | — |
Флеш Валон | СО | 23 | 26 | 9 | 6 | 45 | — |
Класика де Сан Себастијан | — | — | 9 | 54 | — | — | — |
Гран при Квебек | — | — | 9 | — | — | — | — |
Гран при Монтреал | — | — | 27 | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.