Валтер Боте
From Wikipedia, the free encyclopedia
Валтер Вилхелм Георг Боте (германски: Walther Wilhelm Georg Bothe; 8 јануари 1891 — 8 февруари 1957 ) — германски јадрен физичар, кој добил Нобелова награда за физика во 1954 година, заедно со Макс Борн.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Валтер Боте | |
---|---|
Боте во 1950-тите | |
Роден(а) | 8 јануари 1891(1891-01-08) Ораниенбург, Германско Царство |
Починал(а) | 8 февруари 1957(1957-02-08) (возр. 66) Хајделберг, Западна Германија |
Националност | Германија |
Полиња | физика, математика, хемија |
Установи | Берлински универзитет Гисенски универзитет Хајделбершки универзитет Макс Планков инситут за медицински истражувања |
Образование | Берлински универзитет |
Докторски ментор | Макс Планк |
Докторанди | Ханс Ритер фон Бајер |
Познат по | Случајно коло |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1954) Медал Макс Планк (1953) |
Во 1913 година, се приклучил на новосоздадената лабораторија за радиоактивност во Царскиот институт за физика и техника, каде што останал до 1930 година, а подоцна и неколку години како директор на лабораторијата. Тој служел војска за време на Првата светска војна од 1914 година и бил затвореник од страна на Русите и се вратил во Германија во 1920 година. После неговото враќање во лабораторијата ги развил и ги применил методите за совпаѓање во студијата за јадрени реакции, Комптон ефект, космички зраци и бран-честичка двојност на радиација и поради тоа ја добил Нобеловата награда за физика во 1954 година.
Во 1930 година станал редовен професор и директор на одделот за физика на Гисенскиот универзитет. Во 1932 година, тој станува директор на институтот за физика и радиологија на Хајделбершкиот универзитет. Тој бил симнат од оваа позиција од членовите на движењето „германска физика“. За да ја спречи својата емиграција од Германија, тој бил поставен за директор на одделот за физика на Институтот „Цар Вилхелм“ во Хајделберг. Таму тој го создал првиот оперативен циклотрон во Германија. Понатаму, тој станува водител на германскиот јадрен енергетски проект кој бил познат како Ураниум Клуб, кој започнал со работа во 1939 година под супервизија на војската.
Во 1946 година, од институтот за физика, тој бил преименуван како професор на Хајделбершкиот универзитет. Од 1956 до 1957, тој бил член на работната група за јадрена физика во Германија.
Една година по смртта на Боте, неговиот институт за физика бил издигнат во Макс Планков институт за јадрена физика. Понатаму тој наречен „Лабораторија Боте“.