Макс Борн
From Wikipedia, the free encyclopedia
{{Infobox scientist
|name = Макс Борн
|image = Max Born.jpg
|image_size = 240px
|caption = Макс Борн (1882–1970)
|birth_date [[Медиум:Медиум:Пример.ogg]]= 11 декември 1882(1882-12-11)
|birth_place = Бреслау, Германско Царство
|death_date = 5 јануари 1970(1970-01-05) (возр. 87)
|death_place = Гетинген, Западна Германија
|residence = Гетинген, Западна Германија
|citizenship = Германец, британец
|fields = физичар
|workplaces = Франкфурт на Мајна универзитет
Гетингенски универзитет
Единбуршки универзитет
|alma_mater = Гетингенски универзитет
|doctoral_advisor = Карл Рунге
|academic_advisors = Волдемар Гоигт
Карл Шварцшилд
|doctoral_students = Виктор Фредерик Вајскопф
Роберт Опенхајмер
Лотар Волфганг Нордхајм
Макс Делбрик
Валтер Елсасер
Фридрих Хунд
Паскуал Јордан
Марија Гоеперт-Мајер
Херберт Грин
Ченг Каиџија
Зигфрид Флиге
Едгар Кран
Морис Прајс
Антонио Родригес
Берта Свирлес
ПАул Вајс
Пенг Хуанву[1]
|notable_students = Емил Волф
|known_for = Борн–Хаберов циклус
Борнова ригидност
Борнови координати
Борнова приближна пресметка
Борнова веројатност
Борн–Инфелдова теорија
Борн–Опенхајмерова приближност
Борново правило
Борн–Ландева равенка
Ворн–Хунагова приближност
Борн–фон Карманова гранична сосотојба
Борнова равенка
|awards = Нобелова награда за физика (1954)
Хјуов медал (1950)
Медал „Макс Планк“ (1948)
Член на Кралското друштво (1939)
|signature = Max Born signature.svg
|spouse = Хедвиг (Хеди) Еренберг (о. 1913-1970, до смртта, 3 деца)
}}
Макс Борн 11 декември 1882
–5 јануари 1970
) — германски Физичар и математичар кој бил инструментален во развојот на квантна механика. Тој исто така имал голем придонес во физиката на цврстата материја, оптиката и бил ментор на голем број познати физичари од 1920 до 1930год. Борн во 1954 година ја освоил Нобеловата награда за физика за неговото истражување на " Основно истражување на квантната механика, особено при статистичкото толкување на брановата функција".[2][3][4][5]
Борн е роден во 1882 година во Бреслау, во тогашна Германија, а денес во Полска е познат како Вроцлав. Тој се запишал на Гетингенскиот универзитет во 1904 година, каде што тој се запознал со тројца познати математичари, Феликс Клајн, Давид Хилберт и Херман Минковски. Тој својата докторска теза именувана како "Стабилноста на еластиката во рамнината и просторот" освојувајќи награда на филозофскиот факултет при Универзитетот. Во 1905 година, тој започнал истражување за специјалната релативиност заедно со Минковски, а подоцна ја напишал својата теза за хабилитацијата заснована на Томсонвиот модел за атмомот. На средбата со Фриц Хабер во Берлин во 1918 година имал разговор за начинот на кој е созадава едно јонско соединение кога еден метал реагира со халоген, теорија денес позната како Борн-Харберов циклус.
За време на Првата светска војна, откако првично бил поставен како радиооператор, тој бил префрлен на истражувачки проекти поврзани со движењето на звукот. Во 1921 година, Борн се вратил во Гетинген, обезбедувајки уште едно работно место за неговиот долгогодишен пријател и колега Џејмс Франк. Работејќи Борн успеал да го претвори Гетиген во еден од врвните светски центри за физика. Во 1925, Борн и Вернер Хајзенберг ја создале матричната механика која се користи во квантната механика. Следната година го осмислува стандардното толкувње на функцијата за распределба на веројатноста за ψ*ψ во Шредингеровата равенката , за што бил награден со Нобелова награда за физика во 1954 година. Неговите истражувања стекнале светска слава. Макс Делбрик, Зигфрид Флиге, Фридрих Хунд, Паскуал Јордан, Марија Геперт Мајер, Лотар Волфганг Нордхајм, Роберт Опенхајмер, и Виктор Вајзенкопф сите стекнале титула Доктор на науки под менторство на Борн во Гетинген и неговите асистенти меѓу кој биле Енрико Ферми, Вернер Хајзенберг, Герхард Херцберг, Фридрих Хунд, Паскуал Јордан, Волфганг Паули, Леон Розенфелд, Едвард Телер и Јуџин Вигнер.
Во јануари 1933 година, Нацистичката партија доаѓа на власт во Германија и Борн, кој бил евреин, бил суспендиран. Тој емигрирал во Велика Британија, каде што се вработил на колеџот Свети Џон во Кембриџ, каде што ја напишал популарната научна книга Неуморниот Универзум, како и книгата Атомската физика, која во кус период станала стандарден учебник. Во октомври 1936, тој станува Тајт професор по природна филозофија на Единбуршкиот универзитет, каде со асистентите со германско потекло Валтер Келерман и Клаус Фукс ги продолжил своите истражување во физиката. Макс Борн станал натурализиран британски поданик на 31 август 1939 година, еден ден пред да започне Втората светска војна во Европа. Тој останал во Единбург до 1952. Тој се пензионирал во Бад Пирмонт Западна Германија, а животот го завршува во Гетингенска болница на 5 јануари 1970 година.