Буква
поединечен знак од некоја азбука / From Wikipedia, the free encyclopedia
Буква — знак во еден азбучен систем кој се користи за негово пишување. Буквите сочинуваат фонеми, при што секоја од нив претставува еден глас (звук) од говорниот (усмен) јазик.[1] Пример за такво писмо е македонската азбука. Гласовите во азбуките се обично согласки и самогласки, со исклучок на абџадите — азбуки што се состојат само од согласки.
Другите писма кои не се азбуки се нарекуваат слоговни (означуваат слогови) или логографски (означуваат зборови или изрази).
Македонската азбука има вкупно 31 кирилична буква, од кои 3 ѝ се својствени само на неа (ѓ, ќ и ѕ) и уште две што ги дели само со српската (љ и њ)
Буквите на матичниот јазик се учат уште од раното детство, со помош на посебен учебник наречен буквар.[2]