Библос
древен град во Либан / From Wikipedia, the free encyclopedia
Библос (грчки: Βύβλος), познат и како Џебеил, Џбеил или Џубаил (арап. جُبَيْل, локално Jbeil; феникиски: 𐤂𐤁𐤋, GBL, веројатно Gebal) — град во покраината Кесерван-Џбеил во Либан. Се верува дека првпат бил населен помеѓу 8800 и 7000 година п.н.е. [1] и постојано населен од 5000 година п.н.е., [2] што го прави еден од најстарите постојано населени градови во светот. [3] [4] Во текот на својата историја, Библос бил дел од бројни цивилизации, вклучувајќи ги египетската, феникиската, асирската, персиската, хеленистичката, римската, фатимидската, џеновската, мамелучката и отоманската. [5] [6] Градот е дел од светското наследство на УНЕСКО. [7]
Библос جُبَيْل Џубаил | |
---|---|
Град | |
Стариот град на Библос | |
Земја | Либан |
Област | Кесерван-Џубаил |
District | Библос |
Површина | |
• Град | 4,16 км2 (161 ми2) |
• Метро | 17 км2 (7 ми2) |
Население | |
• Град | 40.000 |
• Метро | 100.000 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Телефонски повик | +961 |
Мреж. место | jbail-byblos.gov.lb |
Светско наследство на УНЕСКО | |
Критериум | Cultural: iii, iv, vi |
Навод | 295 |
Запис | 1984 (VIII заседание) |
Во древниот Библос била развиена феникиската азбука, најверојатно предок на грчката, латинската и сите други западни азбуки. [8]