![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/af/Idioma_fenicio.png/640px-Idioma_fenicio.png&w=640&q=50)
Феникиски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Феникиски јазик — изумрен канански јазик, дел од групата на севеорозападни семитски јазици. Феникискиот бил изворно зборуван во крајбрежниот средоземен регион Ханан, во Блискиот Исток. Феникиското говорно подрачје во Блискиот Исток, а подоцна и држава, е позната како Феникија. Јазикот бил најсроден со хебрејскиот јазик.[1][2]
Феникиски јазик | |||
---|---|---|---|
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() 𐤃𐤁𐤓𐤉𐤌 𐤊𐤍𐤏𐤍𐤉𐤌 dabarīm Kanaʿanīm | |||
Застапен во | Ханан, Близок Исток | ||
Ера | преживеал како пунски јазик, но исчезнал најдоцна до 5 век | ||
Јазично семејство | афроазиско
| ||
Писмо | феникиска азбука | ||
Јазични кодови | |||
ISO 639-2 | phn | ||
ISO 639-3 | phn | ||
![]() Феникиски говорни подрачја | |||
|
Споредено со денешните територии, феникискиот се зборувал на териториите на Либан, крајбрежјето на Сирија, крајбрежните северни делови на Израел, како и мали делови на Кипар и Анадолија.[3] Со подемот на феникиската цивилизација се создале и феникиски колонии околу Средоземното Море. Следствено на тоа, феникиското говорно подрачје се проширило на територии на денешните Тунис, Мароко, Либија и Алжир, а во помали делови и на Малта, Италија (Сицилија, Сардинија и Корзика) и крајбрежјето на Шпанија заедно со Балеарските Острови.