Афроазиски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Афроазиските јазици сочинуваат големо јазично семејство со околу 375 живи јазика[2] со над 350 милиони говорници во Северна Африка, Источна Африка и Југозападна Азија. Најмногу зборуван афроазиски јазик е арапскиот јазик со околу 230 милиони говорници.[3] Покрај денешните живи јазици, во групата на афроазиски јазици спаѓаат и некои мртви јазици како на пример египетскиот јазик, библискиот хебрејски јазик и акадскиот јазик.
Кратки факти Афроазиски јазици, Географска распространетост: ...
Афроазиски јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | Северна Африка, Југозападна Азија, Западна Африка, Источна Африка |
Класификација: | Едно од основните јазични семејства |
Гранки: | |
ISO 639-2 и 639-5: | afa |
[[File:|300px]] |
Затвори
Поимот „афроазиски“ бил создаден од Морис Делафос. Сепак овој поим не се користел многу, сè додека не бил прифатен од Џозеф Гринберг со што се заменил стариот назив хамитско-семитски јазици.