From Wikipedia, the free encyclopedia
Африкански куп на нации 2017 (познат и како Тотал Африкански куп на нации - Габон 2017, АФКОН 2017, односно КАН 2017) е 31-вото по ред фудбалско континентално првенство на Африка познато како Африкански куп на нации. Натпреварувањето е организирано од Африканската фудбалска конфедерација, а ќе се одржи во Габон од 14 јануари до 5 февруари 2017 година.
Африкански куп на нации 2017 | |
---|---|
Податоци | |
Домаќин | Габон |
Траење | 14 јануари - 5 февруари |
Tимови | 16 (од една конфедерација) |
Стадион(и) | 4 (во 4 градови) |
Шампиони | Камерун (5. титула) |
2. место | Египет |
3. место | Буркина Фасо |
4. место | Гана |
Вкупно натпревари | 32 |
Вкупно голови | 66 (2.06 по натпревар) |
Публика | |
Најдобар стрелец(и) | Жуниор Кабананга (3 гола) |
Најдобар играч | Кристијан Басогог |
2019 → ← 2015 | |
Инфокутијата е последен пат ажурирана на 12 јануари 2017. |
Првобитно било одлучено натпреварувањето во 2017 да се одржи во Либија,[1] меѓутоа, поради воената состојба во таа земја,во август 2014 КАФ одредил дека Африканскиот куп на нации 2017 ќе се одржи во Габон, по вторпат во историјата на натпреварувањето.[2][3] Победникот на Африканскиот куп на нации 2017 добива право на настап на Купот на конфедерации 2017 во Русија.
Камерун ја освоиле нивната петта титула на Африканскиот куп на нации, победувајќи го Египет во финалето со 2–1. Буркина Фасо го освоиле третото место победувајќи ја Гана со 1-0.
Боцвана,[4] Камерун,[5] Демократска Република Конго,[6] Гвинеја,[7] Мароко,[8] Јужноафриканска Република,[9] Замбија,[10] и Зимбабве[11] првобитно изразиле интерес за организацијата на Африканскиот куп на нации 2017.
КАФ добил три понуди до 30 септември 2010 година за домаќинство на Африканскиот куп на нации 2015 и Африкански куп на нации 2017 од Демократска Република Конго, Мароко и Јужноафриканската Република.[12]
После примените понуди за организирање на Африканскиот куп на нации 2015 и 2017 КАФ започнал постапка за испекциски надзор со цел да ја посети секоја земја кандидат во поглед на стадионите, инфеаструктурата и заинтересираноста за организација на Африканскиот куп на нации 2015 и 2017. После инспекцијата во ДР Конго од 12-15 ноември 2010 година, ДР Конго го известиле КАФ дека ја повлекуваат својата кандидатура за Африканскиот куп на нации во 2015 и 2017.[13][14]
На почетокот на ноември 2010 инспекцијата го посетила Мароко, а веќе следниот месец и Јужноафриканската Република.[15]
Држава | Досегашни домаќинства |
---|---|
Мароко | 1988 |
Јужноафриканска Република | 1996[16] |
На 29 јануари 2011 КАФ донел одлука домаќин на Африканскиот куп на нации во 2015 да биде Мароко, а во 2017 Јужноафриканската Република. Меѓутоа, поради војната во Либија во 2013, Јужноафрканската Република и Либија го замениле домаќинството на Африканскиот куп на нации, така што Јужноафриканската Република била домаќин на натпреварувањето во 2013 а Либија требало да биде на ова во 2017.[1]
По откажувањето на Либија од домаќинството на Африканскиот куп на нации на 22 август 2014, Африканската фудбалска конфедерација објавила дека прима нови пријави за организатор на Африканскиот куп на нации 2017 до 30 септември 2014.[17] Подоцна тој рок е преместен до 8 април 2015.[18]
Седум земји доставиле понуда за домаќинство на турнирот: Алжир, Египет, Габон, Гана, Кенија, Судан и Зимбабве.[19][20] Меѓутоа од нив, само четири држави: Алжир, Египет, Габон, и Гана, ги исполнувале критериумите на Африканската фудбалска конфедерација.[21][22] Подоцна Египет ја повлекол својата кандидатура.[23]
Некој држави како Кенија покажале интерес за домаќинството на турнирот со соседите Руанда и Уганда, меѓутоа не доставиле официјална кандидатура за домаќинството.[24]
Претседателот на КАФ Иса Хајату на 8 април 2015 објавил дека домаќин на Африканскиот куп на нации 2017 ќе биде Габон.[3] Габон веќе еднаш бил организатор на првенството во 2012 заедно со Екваторска Гвинеја.
Вкупно 51 репрезентација учествувала во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2017. Домаќинот Габон не настапил во квалификациите. Ждрепката со квалификациските групи била иузвлечена на 8 април 2015 во Каиро, Египет.[18] Во квалификациите не учествувале репрезентациите на Еритреја и Сомалија.
Поради откажувањето на Мароко од домаќинството на Африканскиот куп на нации 2015, првобитно КАФ и забранил на оваа репрезентација да учествува на Африкански куп на нации 2017 и 2019.[28] Меѓутоа, "Судот за спортска арбитража" (Court of Arbitration for Sport) ја укинал забраната, со што на Мароко му било дозволено да учествува во квалификациите.[29]
Интересно е тоа што трикратниот шампион на Африканскиот куп на нациите, Нигерија не се квалификувала.[30]
Репрезентација | Се квалификувале како: | Датум на квалификување | Бр. на учества на АКН | Последно учество на АКН |
Најдобар резултат на АКН | ФИФА ранг листа (на почетокот на првенството) |
---|---|---|---|---|---|---|
Габон | Домаќин | 8 април 2015 | 7 | 2015 | Четвртфинале (1996, 2012) | 110 |
Мароко | Победник на групата Ф | 29 март 2016 | 16 | 2013 | Шампион (1976) | 57 |
Алжир | Победник на групата Ј | 2 јуни 2016 | 17 | 2015 | Шампион (1990) | 38 |
Камерун | Победник на групата М | 3 јуни 2016 | 18 | 2015 | Шампион (1984, 1988, 2000, 2002) | 65 |
Сенегал | Победник на групата К | 4 јуни 2016 | 14 | 2015 | Вицешампион (2002) | 33 |
Египет | Победник на групата Г | 4 јуни 2016 | 23 | 2010 | Шампион (1957, 1959, 1986, 1998, 2006, 2008, 2010) | 36 |
Гана | Победник на групата Х | 5 јуни 2016 | 21 | 2015 | Шампион (1963, 1965, 1978, 1982) | 53 |
Гвинеја-Бисао | Победник на групата Е | 5 јуни 2016 | 1 | - | Дебитант | 68 |
Зимбабве | Победник на групата Л | 5 јуни 2016 | 3 | 2006 | Групна фаза (2004, 2006) | 102 |
Мали | Победник на групата Ц | 5 јуни 2016 | 10 | 2015 | Вицешампион (1972) | 60 |
Брегот на Слоновата Коска | Победник на групата И | 3 септември 2016 | 22 | 2015 | Шампион (1992, 2015) | 34 |
Уганда | Второпласирани во групата Д | 4 септември 2016 | 6 | 1978 | Вицешампион (1978) | 72 |
Буркина Фасо | Победник на групата Д | 4 септември 2016 | 11 | 2015 | Вицешампион (2013) | 50 |
Тунис | Победник на групата А | 4 септември 2016 | 18 | 2015 | Вицешампион (2004) | 35 |
ДР Конго | Победник на групата Б | 4 септември 2016 | 18 | 2015. | Шампион (1968, 1974) | 48 |
Того | Второпласирани во групата А | 4 септември 2016 | 8 | 2013 | Четвртфинале (2013) | 91 |
Првенството ќе биде одиграно во четири града во Габон: Либрвил, Франсвил, Ојем и Порт Жантил. Градовите официјално се потврдени во октомври 2016.[31]
Либрвил | Франсвил | Ојем | Порт Жантил | |
---|---|---|---|---|
Стад д' Ангонџе | Стад де Франсевил | Стад д'Ојем | Стад де Порт Жантил | |
Капацитет: 40.000 | Капацитет: 22.000 | Капацитет: 20.000 | Капацитет: 20.000 | |
Податотека:Нема слика.jpg | Податотека:Нема слика.jpg | |||
0.522204° СГШ; 9.393277° ИГД | 1.638611° ЈГШ; 13.574444° ИГД | 1.600551° СГШ; 11.566408° ИГД | 0.725729° ЈГШ; 8.783475° ИГД |
|
Домаќинот на пвенството автоматски остварил пласман во групите, останатите 15 репрезентации морале да минат низ квалификации. На завршниот турнир репрезентациите се поделени во четири групи по четири тима. Тимовите во групата играат по еден натпревар меѓусебно. Двете првопласирани репрезентации од секоја група остваруваат пласман во четвртфиналето. Победниците во четвртфиналето играат полуфинале. Поразените полуфиналисти играат натпревар за трето место, додека победниците играат за титулата.[32]
Извлекувањето на групите било одржано на 19 октомври 2016 година, во 18:30 UTC+1 часот, во Либрвил, Габон.[33][34]
Организациониот одбор на Афрчкиот куп мас состанокот одржан на 26 септември 2016 во Каиро ги одредил носителите земајќи го предвид учинокот на репрезентациите на Африканскиот куп на нации 2017 според резултатите од претходните натпреварувања:[35][36][37]
Шешир 1 | Шешир 2 | Шешир 3 | Шешир 4 |
---|---|---|---|
Габон (22 б.; домаќин, доделена поз. A1) |
Тунис (34.5 б.) |
Камерун (29 б.) |
Того (15.5 б.) |
Африкански куп на нации 2017 - група A | |||||||||
Поз. | Tim | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | Бод |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Буркина Фасо | 3 | 1 | 2 | 0 | 4 | 2 | +2 | 5 |
2. | Камерун | 3 | 1 | 2 | 0 | 3 | 2 | +1 | 5 |
3. | Габон (Д) | 3 | 0 | 3 | 0 | 2 | 2 | 0 | 3 |
4. | Гвинеја-Бисао | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 5 | -3 | 1 |
Извор: CAFonline.com
14 јануари 2017 1 | Габон | 1-1 | Гвинеја-Бисао | Стад д' Ангонџе, Либрвил |
---|---|---|---|---|
17:00 ЦЕВ |
Обамејанг 52' | Соареш 90+1' | Судија: Гехад Гриша |
14 јануари 2017 1 | Буркина Фасо | 1-1 | Камерун | Стад д' Ангонџе, Либрвил |
---|---|---|---|---|
20:00 ЦЕВ |
Дајо 75' | Муканџо 35' | Судија: Џан Сиказве |
18 јануари 2017 2 | Габон | 1-1 | Буркина Фасо | Стад д' Ангонџе, Либрвил |
---|---|---|---|---|
17:00 ЦЕВ |
Обамејанг 38' (пен..) | Накулма 23 | Судија: Бакари Гасама |
22 јануари 2015 3 | Гвинеја-Бисао | 0-2 | Буркина Фасо | Стад де Франсевил, Франсвил |
---|---|---|---|---|
20:00 ЦЕВ |
Руднилсон 12' (а.г.) Траоре 58' |
Судија: Тесема Бамлак |
Извор: CAFonline.com
Африкански куп на нации 2017 - Група Ц | |||||||||
Поз. | Tim | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | Бод |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | ДР Конго | 3 | 2 | 1 | 0 | 6 | 3 | +3 | 7 |
2. | Мароко | 3 | 2 | 0 | 1 | 4 | 2 | +2 | 6 |
3. | Брегот на Слоновата Коска | 3 | 0 | 2 | 1 | 2 | 3 | -1 | 2 |
4. | Того | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 6 | -4 | 1 |
Извор: CAFonline.com
16 јануари 2017 1 | Брегот на Слоновата Коска | 0-0 | Того | Стад д'Ојем, Ојем |
---|---|---|---|---|
17:00 ЦЕВ |
Судија: Ерик Отого-Кастан |
16 јануари 2017 1 | ДР Конго | 1-0 | Мароко | Стад д'Ојем, Ојем |
---|---|---|---|---|
20:00 ЦЕВ |
Кабананга 55' | Судија: Хамада Нампиандраза |
20 јануари 2017 2 | Брегот на Слоновата Коска | 2-2 | ДР Конго | Стад д'Ојем, Ојем |
---|---|---|---|---|
17:00 ЦЕВ |
Бони 25' Дие 67' |
Кебано 10' Кабананга 28' |
Судија: Џани Сиказве |
20 јануари 2017 2 | Мароко | 3-1 | Того | Стад д'Ојем, Ојем |
---|---|---|---|---|
20:00 ЦЕВ |
Буаду 14' Саис 21' Ен-Несири 72' |
Досеви 5' | Судија: Мамаду Кеита |
24 јануари 2017 3 | Мароко | 1-0 | Брегот на Слоновата Коска | Стад де Порт Жантил, Порт Жантил |
---|---|---|---|---|
20:00 ЦЕВ |
Алиуи 64' | Судија: Неан Алиум |
24 јануари 2017 3 | Того | 1-3 | ДР Конго | Стад д'Ојем, Ојем |
---|---|---|---|---|
20:00 ЦЕВ |
Лаба 69' | Кабананга 29' Мубеле 54' М'Поку 80' |
Судија: Маланг Дједиу |
Извор: CAFonline.com
17 јануари 2017 1 | Гана | 1-0 | Уганда | Стад де Порт Жантил, Порт Жантил |
---|---|---|---|---|
17:00 ЦЕВ |
А. Ају 32' (пен..) | Судија: Џошуа Бондо |
17 јануари 2017 1 | Мали | 0-0 | Египет | Стад де Порт Жантил, Порт Жантил |
---|---|---|---|---|
20:00 ЦЕВ |
Судија: Даниел Бенет |
21 јануари 2017 2 | Гана | 1-0 | Мали | Стад де Порт Жантил, Порт Жантил |
---|---|---|---|---|
17:00 ЦЕВ |
А. Џан 21' | Судија: Мехди Абид Шареф |
21 јануари 2017 2 | Египет | 1-0 | Уганда | Стад де Порт Жантил, Порт Жантил |
---|---|---|---|---|
20:00 ЦЕВ |
Саид 89' | Судија: Маланг Дједиу |
25 јануари 2017 3 | Египет | 1-0 | Гана | Стад де Порт Жантил, Порт Жантил |
---|---|---|---|---|
20:00 ЦЕВ |
Салах 11' | Судија: Бакари Гасама |
25 јануари 2017 3 | Уганда | 1-1 | Мали | Стад д'Ојем, Ојем |
---|---|---|---|---|
20:00 ЦЕВ |
Мија 70' | Бисума 73' | Судија: Али Лемгаифри |
Четвртфинале | Полуфинале | Финале | ||||||||
28 јануари 2017 - Либрвил | ||||||||||
Буркина Фасо | 2 | |||||||||
1 февруари 2017 - Либрвил | ||||||||||
Тунис | 0 | |||||||||
Буркина Фасо | 1 (3) | |||||||||
29 јануари 2017 - Порт Жантил | ||||||||||
Египет (пен.) | 1 (4) | |||||||||
Египет | ||||||||||
5 февруари 2017 - Либрвил | ||||||||||
Мароко | ||||||||||
Египет | 1 | |||||||||
28 јануари 2017 - Франсвил | ||||||||||
Камерун | 2 | |||||||||
Сенегал | 0 (4) | |||||||||
2 февруари 2017 - Франсвил | ||||||||||
Камерун (пен.) | 0 (5) | |||||||||
Камерун | 2 | Трето место | ||||||||
29 јануари 2017 - Ојем | ||||||||||
Гана | 0 | |||||||||
ДР Конго | 1 | Буркина Фасо | 1 | |||||||
Гана | 2 | Гана | 0 | |||||||
4 февруари 2017 - Порт Жантил | ||||||||||
28 јануари 2017 17:00 |
Буркина Фасо | 2–0 | Тунис | Стад д' Ангонџе, Либрвил Судија: Даниел Фрејзер Бенет |
---|---|---|---|---|
Бансе 81' Накулма 85' |
Извештај |
29 февруари 2017 20:00 |
Египет | 1-0 | Мароко | Стад де Порт Жантил, Порт Жантил Судија: Ерик Отого-Кастан |
---|---|---|---|---|
Кахраба 88' | Извештај |
2 февруари 2015 20:30 |
Камерун | 2-0 | Гана | Стад де Франсевил, Франсвил Судија: Бакари Гасама |
---|---|---|---|---|
Нгадо-Нгаџуи 72' Басогог 90+3' |
4 февруари 2017 20:00 |
Буркина Фасо | 1-0 | Гана | Стад де Порт Жантил, Порт Жантил Судија: Мехди Абид Шареф |
---|---|---|---|---|
Траоре 89' |
Победник на Африканскиот куп на нации 2017 |
---|
Камерун 5. титула |
# | Репрезентација |
---|---|
1 | Камерун |
2 | Египет |
3 | Буркина Фасо |
4 | Гана |
5 | Сенегал |
6 | ДР Конго |
7 | Мароко |
8 | Тунис |
9 | Габон |
10 | Алжир |
11 | Брегот на Слоновата Коска |
12 | Мали |
13 | Уганда |
14 | Гвинеја-Бисао |
15 | Зимбабве |
16 | Того |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.