Атлантски Океан
океан / From Wikipedia, the free encyclopedia 0
Атлантскиот Океан или Атлантик 0° СГШ 30° ЗГД е втор по големина од петте океани, со површина од околу 106,4 милиони км2, и покрива околу 20% од површината на Земјата. За споредба, површината на најголемата земја - Русија е 17 милиони км2. Најстариот спомен за Атлантикот доаѓа од Херодот околу 450 година п.н.е.
Атлантски Океан | |
---|---|
Атлантскиот Океан со неговите два главни дела | |
Координати | 0°N 25°W[1] |
Површина | {{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
|1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“}}85,133,000 км2[2] Северен Атлантик: 41,490,000 км2, Јужен Атлантик: 40,270,000[3] км2 |
Прос. длабочина | 3.646[3] м |
Најг. длабочина | Порторикански Ров 8.376[4] м |
Зафатнина | 310.410.900[3] км3 |
Брег | 111.866[1] км |
Бразди | Порторикански; Јужносендвички; Романшки |
1 Бреговата должина не е добро определена мерка. |
Атлантскиот Океан на запад е ограничен со Северна и Јужна Америка, на исток со Европа и Африка, а на север и југ продолжува во Северниот и Јужниот Океан.
Со Тихиот Океан е поврзан преку Панамскиот Канал и преку Дрејковиот Премин јужно од Јужна Америка. На југоисток, Атлантикот продолжува во Индискиот Океан, а за граница се смета меридијанот 20° источно.
Средоземното Море е поврзано со Атлантикот преку протокот Гибралтар.
Просечната длабочина на Атлантикот е 3.926 м, а најголемата е во ровот Порторико, 8.605 м. Најмалата ширина е 2.848 км помеѓу Бразил во Јужна Америка и Либерија во Африка, а најголемата е 4.830 км помеѓу САД и Северна Африка.
Во просек, Атлантикот е најсолен од сите океани, салинитетот изнесува 3,3 - 3,7%. Температурата на водата се движи меѓу 7-8 °C околу географските ширини 45° северно и јужно.
Околу екваторот, поради варијации на температурите на водата и воздухот, во текот на летото (мај-септември) се создават тропски циклони и урагани.
Попознати острови во Атлантскиот Океан се: Гренланд, Исланд, Фарски Острови, Британските Острови, Њуфаундленд, Азорските Острови, Канарски Острови, Карибите, Малите и Големите Антили, Бермудските Острови и др.