From Wikipedia, the free encyclopedia
Кариби (англиски: Caribbean, холандски: Caraïben, француски: Caraïbes, шпански: Caribe) или Карипски Острови — регион во Средна Америка, кој се состои од Карипското Море, неговите острови (повеќето од кои се обиколени од морето) и околните брегови. Регионот се наоѓа југоисточно од Северна Америка, источно од копнена Средна Америка и на север и запад од Јужна Америка.
сино = Карипско Море зелено = Западни Инди |
Името „Кариби“ е дадено по Карибите, една од најдоминантните америндиски групи во регионот во времето на европскиот контакт за време на доцниот 15 век. Аналогното „Западни Инди“ потекнува од Кристофер Колумбовата идеја дека тој се укотвил на Индите (тогаш се мислело дека тие ја опфаќале цела јужна и источна Азија), иако тој всушност стигнал до Америка. Шпанскиот термин „Антили“ бил општо-посветен на новооткриените земји. Карабија е популарно име за групата острови во Карипското Море.
Сместена највеќе на Карипската Плоча, областа зафаќа повеќе од 7.000 острови, островчиња, атоли и гребени. Западните Инди се состојат од Антилите, поделени на поголеми Големи Антили, кои го ограничуваат морето на север и Малите Антили на југ и исток (вклучувајќи ги Заветрените Острови) и Бахамите, кои се наоѓаат североисточно од морето. Бермудите лежат многу посеверно, во Атлантскиот Океан и понекогаш се вклучуваат во Западните Инди. Геополитички, Западните Инди обично се сметаат за подрегион на Северна Америка и се организирани во 28 територии, вклучувајќи суверените држави, прекуморските одредишта и зависните области.
Лукајски Архипелаг (Бахамски Архипелаг)[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.