Тропски циклон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во метеорологијата, тропски циклон (тропска бура, тајфун, оркан[1] или ураган, зависно од силата и локацијата) е вид систем на низок атмосферски притисок што обично се формира во тропските краишта. Иако тие се многу разорни, тропските циклони претставуваат важен дел на системот на атмосферска циркулација, што ја движи топлината од екваторскиот регион до погорните географски ширини. Еден од најпознатите урагани е „Рита“. Тропскиот циклон кој при површината на земјата има брзина до 17 м/с се вика тропска депресија; циклон со брзина до 33 м/с се вика тропска бура, а пак циклон со брзина над 33 м/с се нарекува ураган (на Атлантикот и во источниот дел од Тихиот Океан) или тајфун (во северозападниот дел од Тихи Океан.