Рита (ураган)
атлантски ураган / From Wikipedia, the free encyclopedia
Рита е седумнаесеттата тропска бура, деветти ураган, петти најголем ураган досега и втор ураган од петта категорија во Атлантската сезона на урагани во 2005 година. Тоа е најсилниот ураган кој било кога навлегол во Мексиканскиот Залив. Неговите ветрови откако достигнаа брзина од 280 километри на час удрија во копното на државите Тексас и Луизијана. На 24 септември 2005 ураганот почна да ја губи силата. Ветровите успорија на 190 км на час со што Рита падна во третата категорија.
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Како урагани се означуваат тропските циклони во северниот дел од Атлантскиот Океан и северниот Тихи Океан чии ветрови ја надминуваат брзината од 33 метри во секунда или 117 км. на час. Тропските циклони пустошат и по северозападниот и јужниот Пацифик, но тука се нарекуваат тајфуни.Тајфунот е локално име за тропски циклон кое се користи во источна и југоисточна Азија.Во тајфуните се појавува т.н. око на циклонот во кое владее тотален мир,не врни дожд и не дува ветер.Местото кое се наоѓа во центарот на окото на циклонот останува мирно околу 1 час.Тајфуните најчесто се појавуваат во летно време,а исто така и на есен.Ветровите во внатрешноста на тајфунот можат да достигнат огромна брзина,дури до 300 км/ч.Тајфуните со себе носат обемни врнежи и можат да предизвикаат огромни штети.