54. издание на велосипедската трка From Wikipedia, the free encyclopedia
Амстел Голд Рејс 2019 — 54. издание на велосипедската еднодневна трка Амстел Голд Рејс, која се одржала на 21 април како осумнаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.[1]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 54. Амстел Голд Рејс | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2019 1.UWT | ||
Датум | 21 април 2019 | ||
Растојание | 265,7 км | ||
Држава | Холандија | ||
Поаѓалиште | Мастрихт | ||
Одредиште | Берг ен Терблејт | ||
Екипи | 25 | ||
Возачи на почеток | 175 | ||
Возачи на крај | 109 | ||
Просечна брзина | 41,06 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Матје ван дер Пул (Алпесин-Декојнинк) | ||
Второпласиран | Сајмон Кларк (ЕФ Едукејшн-ИзиПост) | ||
Третопласиран | Јакоб Фуглсанг (Астана Казахстан Тим) | ||
◀2018 | 2021▶ | ||
Документација |
Трката била освоена од Матје ван дер Пул.
Бидејќи Амстел Голд Рејс е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[2] Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.[3]
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
| |
Главни фаворити пред трката биле Матје ван дер Пул, кој требало да го има своето деби на Амстел Голд Рејс и Жилијан Алафилип. Обајцата веќе биле успешни во почетокот на сезоната, каде Ван дер Пул ги освоил Дварс дор Вландере и Брабантсе Пејл, а Алафилип ги освоил Страде Бјанке и Милано-Санремо. Други возачи како фаворити биле Мајкл Метјус, Петер Саган, Максимилијан Шахман, Алехандро Валверде и Јакоб Фуглсанг, како и поранешните победници Филип Жилбер и Михал Квјатковски.[4] Бранителот на титулата, Михаел Валгрен, исто така ќе учествувал, но не бил сметан за фаворит, поради разочарувачкиот почеток на сезоната.[5]
На почетокот на трката се одвоило бегство од 11 возачи од главната група. Нивното водство пораснало до осум минути пред екипата на Јакоб Фуглсанг, Астана, да го забрзаат темпото во главната група. Матје ван дер Пул бил прв од фаворитите да нападне на 43 километри до целта, заедно со Горка Исагире, но нивниот обид бил осуетен набрзо потоа. Жилијан Алафилип бил следниот што нападнал набрзо откако раното бегство било достигнато, придружуван од Фуглсанг и Матео Трентин. Трентин не можел да ги следи другите двајца и нему му се приклучил Михал Квјатковски, со група на потера во која се наоѓале поголемиот дел од фаворитите малку зад нив.
По завршното качување на Кауберг, Алафилип и Фуглсанг имале водство од 30 секунди пред другите двајца и скоро минута пред групата зад нив. На 3 километри до целта, нивното водство било до 40 секунди пред Квјатковски, кој го оставил Трентин зад него. Тогаш двајцата напред престанале да соработуваат еден со друг, обидувајќи се да ја зачуваат енергијата за нивниот завршен спринт. Меѓутоа, тие биле достигнати во последниот километар, најпрвин од Квјатковски, а потоа и од групата предводена од Ван дер Пул. Во претстојниот спринт, Ван дер Пул се покажал најсилен, додека местата на подиумот биле земени од Сајмон Кларк и Фуглсанг.[6][7]
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.