Албански јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Албански јазик (ендоним: shqip [ʃcip] ⓘ) е јазик што го говорат приближно околу 6 милиони луѓе, првенствено во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Македонија, но исто така и во некои други балкански држави, како и од емигрантски групи во Калабрија, Италија. Јазикот е еден, посебен огранок на Индоевропското јазично семејство. Во минатото за овој јазик во македонската терминологија се користел терминот арнаутски јазик. Во речниците на Ѓорѓија Пулевски, јазикот се нарекува арбански.
Албански | |
---|---|
Shqip | |
Изговор | /ʃcip/ |
Застапен во | Албанија, Косово, Македонија, Грција, Црна Гора, САД, Италија, Германија, Британија, Турција, Швајцарија, Канада и други земји. |
Подрачје | Југоисточна Европа |
Говорници | 6 000 000[1] |
Јазично семејство | Индоевропско
|
Писмо | Албанска латиница |
Статус | |
Службен во | Албанија Косово |
Признаен како малцински во | Македонија Србија Црна Гора Италија |
Регулативен орган | официјално од Албанската академија на науките |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | sq |
ISO 639-2 | alb (B) sqi (T) |
ISO 639-3 | Разни: sqi — Албански aln — Гег aae — Арбареша aat — Арванитика als — Тоск |
Сегашна распространетост на албанскиот јазик во Европа: региони каде албанскиот јазик го зборуваат мнозинството од населението региони каде албанскиот јазик го зборуваат значителен дел од малцинството од населението |
лице | Shqiptar(e) [шќиптар(е)] |
народ | Shqiptarët [Шќиптар’т] |
јазик | Shqip [шќип] |
држава | Shqipëri [Шќип’ри] |
Денешниот албански јазик како стандардна форма го има дијалектот на Тоските, наспроти дијалектот на Гегите кој и покрај стандардизацијата сѐ уште масовно го користат во Косово и делови од Македонија. Впрочем, сѐ уште постои несогласување околу стандардизацијата на албанскиот јазик, а некои бараат повторна стандардизација во која би биле вклучени повеќе елементи од гегскиот дијалект. Постои и залагање во Косово да се земе како стандардна форма гегскиот дијалект со што албанскиот јазик би станал еден јазик со два официјални дијалекти. Инаку, лексичкиот фонд е главно латински, италијански, романски, грчки, македонски, српски и турски.