From Wikipedia, the free encyclopedia
Аква паца — термин што се користи во италијанската кујна и се однесува на рецепти за бела риба. Постојат многу различни варијации на овој сос, од лесни чорби, до дебели сосови врз база на домати, кои се наоѓаат на сите видови морски плодови, па дури и на пилешко. Ова јадење е споредливо со други италијански јадења, како што се: циопино, качико и гуацето.
Додека јадењето потекнувало од рибари од неаполската област, кои го пржеле уловот заедно со домати и маслиново масло, самиот термин најверојатно потекнува од Тоскана. Аква паца станало многу популарно јадење кај туристите на островот Капри во 1960-тите.
Настрана од белата риба (бас, треска, камбала, платика, лавче, морска седала, и многу други) стандардните состојки се:
Како и да е, може да се користат и да се заменат голем број други состојки - на пример ракчиња, или дури и јастог наместо бела риба, зеленчук како лук, целер, моркови и млад кромид, и билки и зачини како чили пиперка, каперси, ловорови листови, маслинки, магдонос, морач и лимон. Некои рецепти бараат и леб.
Многу ресторани, како што се Аква паца во Сан Марко, познат по морски плодови и неаполитски пици, и Аква паца во Болоња, кој е специјализиран за морски плодови и сосови, или го делат името или се именувани по ова јадење.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.