шпански велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Џонатан Кастровјехо Николас (шпански: Jonathan Castroviejo Nicolás; р. 27 април 1987 во Гечо, Баскија) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Инеос Гренадиерс.[1]
Кастровјехо на подиум по победата на прологот на Тур де Романди 2011 | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Џонатан Кастровјехо Николас | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 27 април 1987 Гечо, Шпанија | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,71 м | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 62 кг | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Инеос Гренадиерс | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за хронометар | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||
2008–2009 | Орбеја | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||
2010–2011 2012–2017 2018- | Еускалтел-Еускади Мовистар Тим Тим Скај | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Последна промена 29 јуни 2019 |
Откако возел две сезони за послабата екипа на де факто националниот баскиски состав, тој му се придружил на Еускалтел-Еускади во 2010. Првата победа како професионалец ја остварил на Тур де Романди 2011, забележувајќи најбрзо време на прологот од 3,5 километри, победувајќи го светскиот првак под 23 години Тејлор Фини за 0,27 секунди. Резултатот стигнал само еден ден по 24. роденден на Кастровјехо.[2] Неговата вештина за хронометри била релативно необична за возач од Еускалтел-Еускади, бидејќи екипата е позната за лесни возачи со мали способности на хронометрите. Меѓутоа, победата на етапата на Тур де Романди, не била целосен шок - порано во сезоната, Кастровјехо завршил осми на завршниот хронометар на Тирено-Адријатико, надминувајќи ги времињата на Густав Ларсон, Кедел Еванс и Дејвид Забриски, сите познати специјалисти за хронометри.[3] Подоцна, Кастровјехо се покажал солидно и на вториот хронометар на Тур де Романди, завршувајќи деветти на патеката од 20,1 километар, подобар од Марко Пиноти и Жан Кристоф Перо (помеѓу другите), обајцата поранешни прваци во хронометар во своите земји.[4]
Кастровјехо преминал во Мовистар Тим за сезоната 2012.[5] Ја носел водечката маичка на Вуелта а Еспања на две етапи, откако неговата екипа победила на воведниот екипен хронометар и прв поминал низ целта, но изгубил два дена подоцна од колегата Алехандро Валверде. Кастровјехо не можел да го следи пеколното темпо поставено од Алберто Контадор (Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк) на последното искачување на третата етапа.[6]
Во 2015 година, Кастровјехо по вторпат во својата кариера го освоил националното друмско првенство.[7]
На 17 август 2017 година било објавено дека Кастровјехо ќе се приклучи на Тим Скај од сезоната 2018.[1]
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.