From Wikipedia, the free encyclopedia
Јован IV Цариградски (2 септември 595 ), познат и како Јован Постачот — 33-ти Цариградски патријарх (11 април 582 – 595). Тој бил првиот кој ќе ја преземе титулат Вселенски патријарх. Тој се смета за светец од страна на Источна православна црква која го слави како празник на 2 септември.
Јован IV Цариградски | |
---|---|
Роден(а) | Цариград |
Починал(а) | 2 септември 595, Цариград |
Почитуван(а) во | православие Католицизам Источнокатолички цркви |
Слава | 2 септември |
Јован е роден во цариград како дете на уметници, и истиот работел како вајар. Во 587 или 588 година, ги свикал епископите од истокот во име на „Вселенскиот патријарх“ за да се реши случајот на Грегориј, Антиохиски патријарх, кој бил ослободен од кривичните дела и му било вратено епископувањето. Пелагиј II еднострано ги поништил одлуките на овој собир. Во 593 година, Јован бил под тешко обвинение од страна на Грегориј I затоа што дозволил изаурскиот презвитер Анастасиј, кој бил обвинет за ерес, и било наредено истиот да биде тепан со јажиња во црквата во Цариград.
Во 595 година, настанал спор поврзан со титулата Вселенски патријарх. Грегориј му пишал на својот легат Сабиниј, забранувајќи му да заемоначелсвува со Јован. Во случајот поврзан со презвитерот Атанасиј, кој бил обвинет дека е манихист, и осуден како таков, Грегориј се обидел да покаже дека и самиот овинител е пелагијанист, и дека со неговата негрижа, занемарување или пак грешка на Јован IV, несторијанскиот собор во Ефес бил помешан со правоверниот трет вселенски собор во Ефес.
Исидор Севиљски (de Script. Eccl. 26) му дава заслуги за едно писмо, кое денес не постои, за крштевањето адресирано до Св. Леандер. Јован, во писмото вели, „не изнесува ништо негово, но ги повторува мислењата на старите отци за тројното потопување.“
Сепак, постојат неколку дела за кои се знае дека се од Јован IV (објавени во Patrologia Graeca том 88):
Православието во средниот век секогаш му ги препишувало двете први дела на Јован IV Цариградски.
Важен дел од каноните од источното православие се заслуга на Јован IV, односно станува збор за т.н. канони на Јован Постачот заедно со Каноникот поврзан со ним. Тие можат да се сретнат во грчките и словенските верзии на канонското право, особено во Балсмоновата збирка и Педалионот на Никодим Светогорец. Германскиот византичар Георг Бекги анализирал каноните и заклучил дека најверојатно истите се напишани делумно од следбеници на Св. Василиј и делумно од страна на Златоуст додека пак Канониконот потекнува од X век. Овие пишувања се интересни бидејќи ги даваат гледиштата за сексуланиот морал пред времето на Тома Аквински, на пример дека содомијата (арсенокоитис) не се сметал како однос меѓу ист пол туку само како анален однос. Содомијата меѓу маж и жена се казнувал построго отколку содомијата меѓу неженети мажи (осум години забрана за причест наместо четири во вториот случај). Заемното онанирање, без разлика дали станува збор за членови на ист пол или не, се казнувал со осумдесет дневна забрана за причест. Ова покажува дека:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.