украински велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Јарослав Попович (украински: Ярослав Попович; р. 4 јануари 1980 ) — поранешен украински професионален друмски велосипедист, кој возел професионално од 2002 до 2016 година.
Попович на Тур де Франс 2009 | ||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Јарослав Павлович Попович | |||||||||||||||||
Роден | 4 јануари 1980 Дрогобич, Украинска ССР, СССР | |||||||||||||||||
Висина | 1,75 м | |||||||||||||||||
Маса | 64 кг | |||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||
Мом. клуб | Лидл-Трек | |||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | |||||||||||||||||
Улога | Помошник менаџер | |||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||
2002–2004 2005–2007 2008 2009 2010–2011 2012–2016 | Ландбувкредит-Колнаго Дискавери Канал Сајленс-Лото Астана Тим РадиоШек РадиоШек-Нисан | |||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||
Последна промена 9 мај 2017 |
Откако станал светски првак под 23 години во 2001, Попович станал професионалец во 2002 со екипата Ландбувкредит-Колнаго, со која имал добри резултати на Џиро д’Италија, завршувајќи трет во 2003. Откако се придружил на Дискавери Канал во 2005, се насочил кон Тур де Франс, каде го освоил пласманот за млади возачи во 2005 и ја освоил етапата 12 во 2006. Кога екипата се распаднала на крајот на 2007, Попович се преселил во Сајленс-Лото во 2008 и во Астана во 2009. Попович настапувал за Тим РадиоШек во 2010 и 2011 година.
Бил сметан за еден од најветувачките велосипедисти додека возел во јуниорските трки и трките под 23 години, кога стигнал до 35 победи во 2000 и 2001.[1] Ја освоил друмската трка под 23 години на Светските друмски првенства, откако завршил втор претходната година. Исто така го освоил изданието на Париз-Рубе за возачи под 23 години.[1] Украинецот станал професионалец во 2002 придружувајќи ѝ се на белгиската екипа Ландбувкредит-Колнаго и испорачувајќи неколку добри резултати, најмногу на Џиро д’Италија, каде завршил трет во 2003 и петти во 2004, кога ја носел розовата маичка во текот на три етапи.
Му се приклучил на Дискавери Канал во 2005 и бил сметан за можен наследник на Ленс Армстронг како предводник на екипата. Во истата година, Попович ја освоил една од неговите најголеми победи, преку освојувањето на генералниот пласман на Волта а Каталуња, важна трка пред Тур де Франс. Заедно со остатокот на екипата ја освоил екипата четири, екипен хронометар, на Тур де Франс 2005 и го покажал својот потенцијал преку освојувањето на пласманот за млад возач на трката, додека му помагал на Ленс Армстронг до неговата седма победа на Тур.
На Тур де Франс 2006, Попович бил сметан за еден од четирите предводници на екипата, заедно со Хосе Азеведо, Паоло Саволдели и Џорџ Хинкапи.[2] Откако не успеал да биде помеѓу најдобрите во генералниот пласман на планинските етапи низ Пиринеите, Попович ја освоил етапата 12 откако ги нападнал членовите на бегството Алесандро Балан, Оскар Фреир и Кристоф ле Мевел. Во текот на сезоната 2006 освоил етапи на Вуелта а Кастиља и Леон и Трката околу Џорџија, каде завршил на третото место.[3]
Во текот на сезоната 2007, Попович главно работел како помошник, помагајќи му на Алберто Контадор да дојде до победа на Париз-Ница и Тур де Франс. На почетокот на сезоната ја освоил петтата етапа на Париз-Ница, откако нападнал 33 километри пред целта.[4] Бил сметан како предводник на екипата на Џиро д’Италија, но се повлекол на дванаесеттата етапа откако доживеал два пада на трката. На Тур де Франс завршил осми, додека им помагал на своите колеги Алберто Контадор и Леви Лајпхајмер.[5]
во 2008, Попович се преселил во екипата Сајленс-Лото откако Дискавери Канал објавила дека ќе се распушти на крајот на 2007.[5]
Попович бил земен како помошник за екипата на Сајленс-Лото на Тур де Франс 2008, пред сè за поддршка на предводникот на екипата Кедел Еванс, но сепак имал разочарувачка година, со единствен успех на Париз-Ница, каде завршил како трет. На крајот на годината објавил дека ќе се приклучи на неговиот поранешен менаџер од Дискавери Јохан Брујнел во 2009, придружувајќи му се во новиот тим Астана.
Во 2009, Попович и Ленс Армстронг се приклучиле на екипата Астана, каде се наоѓале и многу други членови на поранешната екипа Дискавери Ченл. Попович бил помошник на Алберто Контадор на Париз-Ница, завршувајќи на 23. место.
На 15 октомври 2009, Попович изјавил дека ќе се пресели во Тим РадиоШек за сезоната 2010.[6]
во 2010, Попович се приклучил на новосоздадената американска екипа Тим РадиоШек, каде се наоѓале многу поранешни членови на Астана.
Во јануари 2011, Попович бил обвинет во обвинувањата за допинг за Флојд Лендис против велосипедската екипа Дискавери Канал, откако списанието Sports Illustrated објавило дека во ноември 2010, неговиот имот во Тоскана бил пребаруван од сојузните власти, кои откриле документи за тестирање, медицински препарати и лекови за подобрување на резултатите, како и докази за врски со контроверзниот италијански лекар Микеле Ферари.[7] Подоцна истиот ден Попович ги отфрлил ваквите обвинувања.[8] Подоцна, извештајот на УСАДА од 2012 година го поврзала со камповите на Ферари дека изведувал трансфузии на крв додека бил дел од екипата Дискавери.[9][10]
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.