Изборно Кнежевство Мајнц
From Wikipedia, the free encyclopedia
Изборно Кнежевство Мајнц (германски: Kurfürstentum Mainz, латински: Electoratus Moguntinus) — една од најпрестижните и една од највлијателните членки на Светото Римско Царство од неговото создавање до неговото распаѓање во 19 век. Хиерархиски ова кнежевство било управувано од изборен кнез и архиепископите на Мајнц, како поглавари на Германија.
Изборно Кнежевство Мајнц | ||||||||||||||||||
Kurfürstentum Mainz (германски) Electoratus Moguntinus (латински) | ||||||||||||||||||
Вазалство | ||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||||||||
Главен град | Мајнц | |||||||||||||||||
Уредување | Изборно кнежевство | |||||||||||||||||
Изборен кнез на Мајнц | ||||||||||||||||||
- | 1802–1803 | Карл Теодор фон Далберг | ||||||||||||||||
Историски период | Среден век | |||||||||||||||||
- | Основање на епископија | Римско Царство | ||||||||||||||||
- | Епископско кнежевство, претворено во архиепископско | 780–782 780 | ||||||||||||||||
- | Епископско кнежевство | |||||||||||||||||
- | Изворен кнез | 1251 | ||||||||||||||||
- | Мајнц станал слободен цардски град | 1242–1462 | ||||||||||||||||
- | Република Мајнц | 18 март – 23 јули 1793 | ||||||||||||||||
- | Германска медијатизација | 1803 | ||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||
Денес во | Германија | |||||||||||||||||
Архиепископот на Мајнц бил рангиран на прво место во Светото Римско Царство помеѓу сите црковни владетели, и на второ место веднаш по царот. Архиепископот на Мајнц заедно со пфалцгрофот на Рајна, маркгрофот на Бранденбург, војводата на Саксонија и кралот на Бохемија имале право да го избират римско-германскиот крал и цар. Неговата политичка улога била значајна, особено како посредник меѓу имотите на царството и на царот[1].