Изборен кнез
владетелска титула и член на изборниот колегиум на Светото Римско Царство / From Wikipedia, the free encyclopedia
Изборен кнез (германски: Kurfürst, Курфирст; латински: Princeps Elector) — член на изборен колегиум на Светото Римско Царство.
Од XII век па натаму, изборните кнезови ја имале привилегијата да го изберат Кралот на Римјаните, кој подоцна бил крунисан од страна на папата како цар на Светото Римско Царство. Карло V бил последниот крунисан цар (избран 1519, крунисан 1530). Неговите наследници биле избирани за цари директно од страна на избирачкиот колегиум и секој избран цар ја носел титулата „избран цар на Римјаните“ (германски: erwählter Römischer Kaiser; латински: electus Romanorum imperator). Во пракса, сите освен еден цар по 1440 биле од австриската династија Хабсбурговци, па затоа историчарите сметаат дека поради тоа изборните кнезови само го ратификувале наследството во хабсбуршката династија.
Достоинството на изборниот кнез носело голем престиж и се сметало дека е второ по она на кралот или царот.[1] изборните кнезови имале ексклузивни привилегии коишто ги немале останатите кнезови во царството. Паралелно со титулата изборен кнез, тие исто така ја држеле и титулата кнез. Престолонаследникот на световните изборни кнезови бил познат како изборен принц (германски: Kurprinz).