![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/7/7f/Skopjeso72.jpg/640px-Skopjeso72.jpg&w=640&q=50)
Шаховска олимпијада 1972
From Wikipedia, the free encyclopedia
20. шаховска олимпијада — шаховска олимпијада одржана во Скопје и организирана од ФИДЕ, која содржела натпреварувања во машка[2] и женска конкуренција, како и неколку настани кои биле одржани со цел да се промовира играта се одржала од 18 септември до 13 октомври 1972 во Скопје. Сите натпревари и главни настани, кои биле предвидени во програмата на Олимпијадата се одржале на Скопскиот саем.
Шаховска олимпијада 1972 | |
---|---|
![]() | |
Официјалниот логотип на шаховската олимпијада во 1972 | |
Град-домаќин | Скопје |
Држава | ![]() |
Дата | 18 септември - 13 октомври |
Место | Скопски саем |
Победник | ![]() |
Второ место | ![]() |
Трето место | ![]() |
Главен судија | Александар Котов |
Екипи | 63 |
Натпреварувачи | 373 (35 велемајстори и 68 меѓународни мајстори) |
Партии | 2728 [1] |
Турнирски систем | Бергеров систем |
Критериуми за делба на места |
број на освоени бодови по партија |
Темпо на игра | 2,5 часа за првите 40 потези со додаток од еден час за следните 16 потези |
Надворешна врска | извештај од Олимпијадата |
На Олимпијадата зеле учество рекордни 373 натпреварувачи, меѓу кои 35 велемајстори и 68 интернационални мајстори, од вкупно 63 земји. Натпреварот бил организиран во Бергеров систем, а на настанот биле одиграни вкупно 2728 партии, со темпо на игра од 2,5 часа за првите 40 потези, со додаток од еден час за следните 16. Претседател на организациониот комитет бил Драгољуб Ставрев, а директор на турнирот бил Јордан Ивановски. Контролен судија бил Макс Еве, а главен судија Александар Котов во машка конкуренција и Вера Тихомирова во женска конкуренција.
Репрезентациите на Советскиот Сојуз биле најуспешни во обете конкуренции, со што го освоиле единаесеттото последователно злато во машка и петтото во женска конкуренција. Медали освоиле уште репрезентациите на Унгарија (сребро) и СФР Југославија (бронза) во машка и Романија (сребро) и Унгарија (бронза) во женска конкуренција.
Олимпијадата била прва на којашто натпреварите во машка и женска конкуренција се одржале истовремено и на едно место. Ваквата организација на настанот се повторила во 1976 година и оттогаш станала традиција и постојано се применува.