Во анатомијата, човечката глава (латински: caput) е горниот дел од телото на човекот. Главата се граничи кон вратот со линија која оди по долниот раб на долната вилица, долниот раб на надворешниот ушен отвор и мастоидниот продолжеток и преку горната тилна линија (linea nuchae superior), доаѓа до надворешното тилно испакнување (protuberantia occipitalis externa).
На главата се разликуваат два дела: череп (cranium) и лице (facies). Лицето, придодадено на преднодолниот дел од черепот, се граничи од него со линија која оди од коренот на носот, па преку горниот раб на орбитата и работ на јагодичната коска доаѓа до долниот раб на надворешниот ушен отвор.[1][2]
Главата како тема во книжевноста
„Трајко без глава“ - македонска народна приказна.[3]
„Во главата кога 'клик' ти прави“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2015 година.[4]
„Булка во глава“ — кус расказ на македонскиот писател Ненад Јолдески.[7]
„Заменети глави“ - новела на германскиот писател Томас Ман од 1941 година.[8]
„Песна за главата и месечината“ - песна на полскиот поет Јулијан Тувим.[9]
Главата како тема во музиката
„Хармонија во мојата глава“ (англиски: Harmony in my head) - песна на британската панк-рок група Базкокс (Buzzcocks) од 1979 година.[10]
„Планините на твојата глава“ (англиски: Mountains Of Your Head) — песна на американската рок-група Buffalo Tom од 1992 година.[11]
„Глабоболка“ (англиски: Headache) - албум на американската рок-група Биг блек (Big Black) од 1987 година.[12]
„Провери ја главата“ (англиски: Check your head) - албум на американската рап-група Бисти бојс (Beastie Boys) од 1992 година.[13]
„Наведни ја главата“ (англиски: Hang Down Your Head) - песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1985 година.[14]
„Каде и да ја оставам главата“ (англиски: Anywhere I Lay My Head) - песна на американскиот музичар Том Вејтс од 1985 година.[15]
„Болен во главата“ (англиски: Ill In The Head) — песна на американската панк-рок група Дед Кенедис (Dead Kennedys) од 1980 година.[16]
„Мојата глава е мојата единствена куќа, освен кога врне“ (англиски: My Head Is My Only House Unless It Rains) - песна на американската рок-група Captain Beefheart And The Magic Band од 1972 година.[17]
„Жешка глава“ (англиски: Hot Head) - песна на американската рок-група Captain Beefheart & His Magic Band од 1980 година.[18]