Пенис (латински: penis, во превод „опашка“; разг.: кур) — машки полов орган чијашто функција е спроведување на спермата и урината и нивна ејакулација, односно екскреција надвор од организмот.
- Оваа статија е само за машкиот полов орган кај човекот. За машки полов орган како општ поим видете пенис.
Пред да ја прочитате статијата имајте предвид дека истата содржи фотографии кои не се соодветни за малолетни читатели. |
Пенис | |
---|---|
Пенис во мека состојба. | |
Податоци | |
Вена | Дорзална вена на пенис |
живец | Дорзален нерв на пенис |
Назнаки | |
Латински | 'penis, penes' |
MeSH | A05.360.444.492 |
TA | A09.4.01.001 |
FMA | FMA:9707 |
Остварувањето на половиот акт кај мажот е главно под нервна контрола. Преку импулсите на кои е осетлив глансот (главата на пенисот) се поттикнува ерекција, а со тоа и можност за полов акт (секс). При тоа, нервните импулси се испраќаат до централниот нервен систем преку ’рбетниот мозок. Такви, сексуални нервни импулси, се испраќаат и од деловите близу до пенисот. Спермата е течност што се состои од сперматозоиди.
Анатомија
Поделба
Пенисот воглавно е составен од:
- корен на пенисот (radix) — прицврстениот дел од пенисот со телото, главест дел (bulbus penis) кој од двете страни има мускулести листови (crus penis). Коренот лежи во перинеалната торба.
- тело на пенисот — телото има два дела: горен (дорзален) дел (постеросупериорен дел при ерекција) и долен (вентрален) (долниот дел при мека состојба). Вентралната површина има вдлабнатина.
- епително ткиво — делот е составен од кожа, кожичка од пенис (препуциум; praeputium), а од внатрешноста на кожичката се наоѓа мека епителна површина (preputial mucosa). Кожата ја заштитува главата на пенисот (glans penis).
Структура
Пенисот е составен од три дела ткива: две, т.н. пештерен (кавернозен) сноп (corpus cavernosum penis) кои се едно до друго на дорзалната страна и едно т.н. сунѓерест (спнгиозен) сноп (corpus spongiosum penis) кое се наоѓа помеѓу двете напоменати на вентралната страна.
Зголемениот дел на сунѓерестото тело во вид на чашка е всушност главата на пенисот (glans penis), врз која се наоѓа кожичката (praeputium), која може да се повлече. Под главата се наоѓа френулумот (frenulum praeputii penis), каде кожата се спојува со главата. Округлата површина на основата на пенисот се нарекува круна (corona glandis penis). Видливата линија по долната страна на пенисот се нарекува перинејно рафе (raphe perinei).
Мочниот канал (urethra), кој е последен дел од уринарниот тракт, поминува по сунѓерестиот сноп, а отворот кој е познат како надворешен отвор на мочниот канал (orificium urethrae externum) се наоѓа на врвот на главата од пенисот. Низ отворот се исфрла и урината и спермата. Спермата се создава со тестисите, а се складира во пасеменикот (еpididymis). За време на ејакулацијата, спермата се води до семеводот (ductus deferens), кој поминува над и позади меурот. Течности се додаваат од семеникот (vesiculae seminales) и тогаш семеводот преминува во ејакулативен канал, која се спојува во мочниот канал во простатата. Простатата и булбоуретралната жлезда дополнително додаваат секрет и спермата потоа се исфрла преку крајниот отвор на пенисот.
Рафето е видлива линија меѓу страничните делови на пенисот, видливо под пенисот. Линијата започнува од отворот на врвот на пенисот, оди по долната страна на пенисот, преку скротумот (тестисна кеса) па до перинеумот (просторот меѓу скротумот и анусот). Човековиот пенис се разликува од тој на животните (види пенис) по тоа што нема еректилна коска (baculum). Наместо коската, пенисот на човекот се ослонува на доток на крв за да се постигне ерекција.
Големина
Постојат поголем број испитувања за просечната големина на пенисот, и сите испитувања дале различни податоци. Сепак, консензусот е дека просечната голема на еректиран пенис е од 12,9 до 15 cm во должина, каде 95% од мажите се во рамките на должина од 10,7 до 19,1 cm. Возраста и големината на пенисот во мека состојба не се точни показатели за големината на пенисот. Истегната состојба на мекиот пенис грубо одговара со големината на пенисот при ерекција.[1][2][3]
Должината на мекиот пенис не одговара со должината на еректираниот пенис. Така, има случаи каде пенис во мека состојба е мал, а може да нарасне во поголема должина при ерекција. Постојат и обратни случаи, каде релативни долг пенис во мека состојба може да биде не толку голем во ерективна состојба.[4] Меѓу сите човеколики мајмуни, човекот има најголем пенис.[5]
Според истражувањата во светот, големината на пенисот во ерективна состојба варира од 9,6 до 16 cm. Така, според истражувањето на германското здружение за сексуално здравје “Профамилија”, просечната должина на пенисот кај Европејците е 7,3 cm, а во ерекција, должината изнесува 15,4 cm. Просечното времетраење на ерекцијата е 20-50 минути, а се проценува дека повеќе од 5 000 мажи во светот имаат поголем пенис од 30 cm во ерекција. Најголеми пениси имаат мажите во Босна и Херцеговина (15,65 cm), а потоа следуваат: Холандија (15,60 cm), Унгарија (14,99 cm), Австрија (14,89 cm), Данска (14,88 cm), Србија (14,87 cm), Македонија е во средината (13,98 cm), а на дното се Романија (12,73 cm), Италија (12,50 cm) и Грција (12,18 cm).[6] Разликата во големината не е само во генетиката, туку и до факторите од животната средина, како лековите за плодност,[7] културата, исхраната и загаденоста.[8][9][10]. Најдолгиот пенис забележан е од страна на д-р Роберт Лату Дикенсон. Пенисот бил долг 34,3 cm.[11]
Физиологија
Уринирање
Исфрлањето на урината од телото кај мажите се одвива преку пенисот. Урината, која се собира во мочниот меур, се исцедува во мочниот канал преку простатата, каде потоа се спојува со ејакулативниот канал и продолжува во пенисот. Во коренот на пенисот се наоѓа надворешниот сфинктерен мускул. Овој е мал сфинктер составен од мускулно ткиво и кај здравите мажи се контролира по волја. При релаксирање на сфинктерот се дозволува да протече урината низ мочниот канал во пенисот.
Физиолошки, уринирањето е координација меѓу централниот нервен систем, автономниот нервен систем и соматскиот нервен систем. Кај децата, постари лица и лица со невролошка повреда, уринирањето може да не е по волја. Центрите за уринирање, при ерекција, го блокираат рефлексот на сфинкерот, за да се изддели физиолошката функција уринирање и репродуктивната функција. Со тоа, не се дозволува да пројде спермата во горниот дел од мочниот канал, а да помине низ пенисот при ејакулација.[12]
Делот на мочнито канал во пенисот нема мускули и нема физиолошка функција. Мала количина урина, после уринирањето, најчесто останува во мочниот канал во пенисот. Подалечниот дел од каналот му овозможува на мажот да ја контролира количината на проток на урината. Поради испакнатоста на пенисот од телот, мажите уринираат исправени, а жените седнати.
Ерекција
Ерекција е зацврстување и зголемување на пенисот, која се случува за време на сексуална возбуда, но исто така може да се случи и при ситуации кога нема секс. Главниот физиолошки механизам на ерекцијата е автономната вазодилација на артериите кои снабдуваат крв до пенисот, при што се дозволува повеќе крв да ги пополни трите сунѓерести еректилни ткива, и така пенисот се издолжува и зацврстува. Ерективното ткиво притиска врз вените кои носат крв од пенисот. Повеќе крв влегува во пенисот, одошто излегува, сè додека не се постигне еднаков волумен на излезена и влезена крв, состојба на константна ерекција. Ерекцијата го олеснува сексот.
Иако големиот број на пениси се во нагорна насока при ерекција, често и нормално е за еректираниот пенис да е скоро вертикално поставен нагоре или надолу или пак хоризонтално прави. Кривината и правецот на пенисот зависи од лигаментот кој ја диктира положбата.
Во следната табела е прикажано честотата на аглите при ерекција. Студијата е изведена со 1.564 мажи на возраст од 20 до 69 години. Во табелата, нулта степен е прав пенис нагоре, по стомакот. 90 степени е прав нанапред, додека 180 степени е прав надолу, во насока на нозете. Најчеста положба е нагоре.[13]
агол (°) од вертикално нагоре |
% на мажи |
---|---|
0–30 | 5 |
30–60 | 30 |
60–85 | 31 |
85–95 | 10 |
95–120 | 20 |
120–180 | 5 |
Ејакулација
Ејакулацијата е исфрлуцвање на семето (спермата) низ пенисот. Исфрлањето на спермата е проследена со оргазам. Серија мускулни контракции ја доставуваат спермата, која содржи машки полови клетки сперматозоиди. Најчесто исфрлањето е како резултат на сексуално задоволување, како стимулација на пенисот, така и стимулација на простатата. Ејакулацијата може да се одвие и спонтано за време на спиење. Неможноста да се ејакулира се вика аејакулација.
Нарушувања
Болести
- Парафимоза е состојба кога кожата од главата на пенисот не може да се истегне, односно повлече врз главата. Може да настане поради заробена течност во кожата.
- Може да се појави тромбоза за време на периоди од зачестена и одложена сексуална активност, особено при фелацио. Често е без последици и се повлекува за неколку седмици.
- Заглавување на срамниот нерв е состојба која се одликува со болка при седење и губење на пенисната (или клиторисната) сензација и оргазам. Понекогаш има целосна загуба на сензација или оргазам. Нервот може да се повреди при незгоди и возење велосипеди со тесно седиште.
- Прелом на пенисот може да се случи ако еректираниот пенис е скривен во голема мера. Кршечки или напукнувачки звук нормално е проследен со ова. Медицинска помош треба да се побара при оваа состојба.
- При дијабетес, периферна невропатија може да предизвика еден вид штипкање на кожата на пенисот и можност целосно да се изгуби чувството. Намаленото чувство може да доведе до повреди за партнерот и нема можност да се доживи сексуално доживување преку стимулирање на пенисот. Бидејќи проблемите се предизвикани од трајно оштетување на нервот, превентивен третман преку контрола на дијабетесот е основен третман. Ограничено закрепнување е можно преку подобрена контрола на дијабетесот.
- Импотенција или ерективна нарушена функција е неможност да се развие и одржи ерекција која е доволна за да се има сексулано задоволство. Дијабетесот е главна причина, како и староста. Има широк спектар на третмани, меѓу кои и лекови.
- Пријапизам е болна и потенцијално штетна состојба каде еректираниот пенис не се враќа во мека состојба. Слабо се испитани причините за ова, но вклучуваат сложени невролошки и васкуларни фактори. Потенцијални компликации се тромбоза, импотенција и исхемија. При сериозна состојба може да се доведе до гангрена, која побарува ампутација. Оваа состојба е поврзана со различни лекови, меѓу кои простагладин, но не и вијагра.[14]
- Рак на пенисот е редок и се случува на едно од 100.000 лица.
- Инфекции и херпес.
Развојни нарушувања
- Хипоспадија е развојно нарушување каде отворот на врвот на пенисот е позициониран погрешно уште од самото раѓање. Ова често се поправа преку хируршки пат.
- Микропенис е многу мал пенис кој настанал поради развојни или вродени проблеми.
- Дифалија, или удвојување на пенисот, е состојба каде се има два пениса. Оваа е многу ретка состојба.
Нормални варијации на пенисот
- Папили на главата од пенисот се издигнати папили, некако со посветла боја од самата глава. Тие се појавуваат на основата од главата, на круната. Папилите се развиваат кај мажите од 20 до 40 годишна возраст. Според податоците од 1999 година, овие се појавуваат од 8 до 48% од вкупното машко население.[15] Овие може да бидат постоветени со брадавици, но не се штетни, инфективни и не побаруваат третман.[16]
- Фордајсови точки се мали, испакнати, жолтеникаво-бели точки со големина од 1 до 2 милиметри во пречник. Овие точки се појавуваат на пенисот, и тие се чести и не се инфективни.
- Sebaceous prominences се исто така испакнатини слични на Фордајсовите точки на телото на пенисот, сместени на лојните жлезди и исто така се нормална појава.
- Фимоза е неможност да се повлеке кожата од главата на пенисот. Оваа состојба е болна во детството и во прет-пубертетскиот период. Оваа состојба се појавува кај од 8% од мочињата на десет годишна возраст.
- Кривина: мал број пениси се целосно прави. Кривините се честа појава и може да бидат во различни насоки. Понекогаш кривината е сосема видлива. Кривина на пенисот до 30° се смета за нормална и медицински третман се презема ако аголот е поголем од 45°.
Модификации на пенисот
Понекогаш луѓето ставаат пирсови на пенисот, или пак го декорираат во друга форма, како тетоважа. Освен обрежувањето, модификациите на пенисот општо гледано се самоволни и се изведуваат поради естетика или зголемување на чувствителноста. Исто така, обновувањето на кожата од главата на пенисот се смета за модификација, како и импланти и истегнување (зголемување) на пенисот. Меѓу модификациите, можеби најекстремна е расцепот на отворот на врвот од пенисот. Како модификација се смета и отстранување на пенисот. Трансродните лица пенисите, преку операција, ги трансфорираат во вагини (т.н. неовагини). Жените кои стануваат трансродни мажи подлегнуваат на фалопластика.
Обрежување
Најчеста форма на модификација на половите органи е обрежувањето. Тоа делумно или целосно отстранување на кожата од главата на пенсиот поради културни, религиски, а поретко и медицински причини.
Без разлика на опремата со која се извршува обрежувањето, процедурата е иста. Прво се проценува големината на кожата која треба да биде отстранета. Потоа, кожата се расекува да за да се открие главата на пенисот. Внатрешната површина на кожата (preputial epithelium) е одвоена од прицврстениот дел со пенисот. На крај кожата се исекува.
При обрежувањето кај возрасните потребно е 4 до 6 седмици да се нема мастурбација или секс за да зарасне раната.[17] Кај различни култури, обрежувањето го вршат немедицински персонал без стерилна опрема.[18]
Културни аспекти
Пенисот имал влијание врз некои културни аспекти, како:
- естетско, на пример, телесна модификација
- хуморно, пенисот се смета за табу или непристоен во различни култури
- симболизам, на пример фалус
- архитектура и скулптура, фалусна архитектура
Пенисот како мотив во уметноста и во популарната култура
- „Девојката и грмушката со пениси“ — кус расказ на британската писателка Џоана Волш од 2015 година.[19]
- „Трите големи курови“ — кус расказ на британската писателка Џоана Волш од 2015 година.[20]
- „Принцезата и пенисот“ — кус расказ на британската писателка Џоана Волш од 2015 година.[21]
- „Набави си муда (англиски: Grow a pair) — кус расказ на британската писателка Џоана Волш од 2015 година.[22]
- „Злобен кур“ (англиски: Evil Dick) - песна на американската рок-група Бади каунт (Body Count) од 1992 година.[23]
- „Голем кур“ (англиски: Big Dick) — песна на канадската рок-група Ноуминсноу (Nomeansno) од 1989 година.[24]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.