Полово созревање

From Wikipedia, the free encyclopedia

Полово созревање или пубертет (латински: pubertas) — етапа од животот кога телото на детето почнува да се развива и да се менува во возрасно тело. Овие промени се случуваат поради хормони, кои се хемикалии во телото. Периодот на полово созревање кај луѓето се продолжува за неколку години, од 11-12 години кај девојчињата и од 10-11 кај момчињата, на 16-17 години кај девојчињата и 19-20 години кај момчињата, но точната возраст може да разнообразува за секоја личност.[1]

Поим за полово созревање

Под поимот полово созревање во поширока смисла се подразбира процес на физички промени преку кои детското тело станува возрасно тело способно за размножување. Половото созревање започнува со праќање на сигнали од хормоните во мозокот до половите органи. Како одговор, половите органи произведуваат различни хормони што го стимулираат растењето, функционирањето или трансформирањето на мозокот, коските, мускулите, градите и органите за репродукција. Растењето започнува во првата половина на половото созревање, и завршува кога завршува и половото созревање. Во потесна смисла, поимот полово созревање се однесува повеќе на промените во процесот на сексуалното созревање, отколку на психолошките и културолошките аспекти од развојот на адолесцентот. Адолесценција е период на психолошки и културолошки премин помеѓу детството и зрелоста.

Разлики помеѓу машкото и женското полово созревање

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.