From Wikipedia, the free encyclopedia
Анус (латински: anūs, „прстен“, „круг“)[1][2] — надворешен отвор на правото црево (ректум). Анусот е составен од два сфинктера (мускули) кои го контролираат исфрлувањето на изметот од телото, што е главната функција на анусот. Двата мускули се внатрешен сфинктер на анусот и надворешен сфинктер на анусот. Мускулите се кружни го контролираат отворот на анусот. Надворешниот мускул може самоволно да се отвора, а внатрешниот не. Анусот се наоѓа позади перинеумот (меѓуножјето), односно позади вагината кај жените, или скротумот кај мажите.
Пред да ја прочитате статијата имајте предвид дека истата содржи фотографии кои не се соодветни за малолетни читатели. |
Покрај својата основна функција, анусот игра своја улога при аналниот секс. Анусот често се смета за табу[3] и има повеќе вулгарни зборови за истиот.
Анусот е крајниот дел од дигестивниот систем и е како директно продолжение на правото црево. Анусот поминува низ карличниот свод. Анусот е обиколен од мускули. Горниот и долниот дел од анусот се обиколени од внатрешни и надворешни сфинктери (мускули), два мускулни прастени кои го контролираат исфрлувањето на изметот.[4]:397 По должината анусот е опколен од набори напречени анални залистоци кои ја конвергираат пектинатната линија. Од оваа линија, слузницата од внатрешноста на анусот преминува во кожа.[4] :397
За време на пубертетот, тестостеронот потикнува растење на телесни влакна по телото, па така срамните влакна се појуваат околу анусот. Иако првично малку, тие целосно израснуваат кон крајот на пубертетот. Има и случаево кога има слабо растење на срамни влакна.
„Анус“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.