Чиклајо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Чиклајо (шпански: Chiclayo) — град во Перу и главен град на регионот Ламбајеке. Чиклајо се наоѓа на околу 13 километри од бреговите на Тихиот Океан и на околу 770 километри оддалеченост од главниот град Лима.
Чиклајо Chiclayo | |||
---|---|---|---|
Плоштад во Чиклајо. | |||
| |||
Прекар(и): Град на пријателството | |||
Местоположба во Перу. | |||
Координати: 6°45′46.66″S 79°50′11.81″W | |||
Држава | ![]() | ||
Регион | Ламбајеке | ||
Покраина | Чиклајо | ||
Населен | 16 век | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Роберто Торес Гонсалес | ||
Површина | |||
• Градска | 6,211 км2 (2,398 ми2) | ||
Надм. вис. | &1000000000000002700000027 м | ||
Население | |||
• Градскo | 738,000 | ||
• Метро | 972,713 (2.009) | ||
Час. појас | PET (UTC-5) | ||
Повик. бр. | 74 | ||
Мреж. место | www.gobiernochiclayo.gob.pe |
Чиклајо бил основан од шпанските истражувачи во 16 век и бил првично именуван како Санта Марија де лос Валес де Чиклајо. Како град бил назначен на 15 април 1835 година од претседателот Фелипе Сантјаго Салавери. Исто така, овој претседател го именувал градот како „херојски град“, титула која се користи за градот и денес. Оваа титула произлегува од фактот што голем број граѓани на Чиклајо се приклучиле за борбата за независност на Перу.
Денес, Чиклајо е еден од најзначајните градови во Перу. Така, Чиклајо прераснал во четврти најголем град во државата со население од 738,000 жители[1] во градското подрачје, и 972,713 во метрополитенската област на Чиклајо.