Четирце
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Четирце — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
Четирце | |
Координати 42°12′56″N 21°45′46″E | |
Општина | Куманово |
Население | 165 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 17108 |
Четирце на општинската карта Атарот на Четирце во рамките на општината | |
Четирце на Ризницата |
Се наоѓа на 5 км од српско-македонската граница , на надморска височина од 360 метри. Околни села се Табановце, Горно Коњаре, Сушево.
Според една легенда името настанало уште од старо време кога на тоа место се наоѓале само четири куќи.
Во XIX век селото било дел од Кумановската каза во Отоманското Царство.
Населението се занимава со земјоделство. Доста значаен придонес донесува ретко добриот градежен камен со висок квалитет.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Четирце живееле 420 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Четирце имало 500 жители Македонци од кои 276 патријаршисти и 224 под врховенството на Бугарската егзархија. Во селото работеле српско и бугарско училиште.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 249 жители, од кои 215 Срби и 34 Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 165 жители, од кои 31 Македонец, 94 Срби, 2 останати и 38 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 420 | 500 | 945 | 990 | 974 | 791 | 608 | 358 | 258 | 249 | 165 |
Четирце е православно мешано село.
Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
Родот Шоповци се иселил во селото Миладиновци кај Скопје. Јаневи (1 к.), Лубе (1 к.) и Славко (1 к.) се иселиле во селото Долно Коњаре. По Втората светска војна населението почнало масовно да се иселува по градовите во желба да успеат во животот.[11]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.