Чагос
From Wikipedia, the free encyclopedia
Чагос (англиски: Chagos Archipelago, малдивски: ފޯޅަވަހި, хинди: फेहंद्वीप, тамилски: பேகான தீவுகள்) — архипелаг, или група атоли, кои се наоѓаат во Индискиот Океан. Атолите се наоѓаат на гребенот Чагос-Лакшадвип, подводен планински венец.[1] Атолите заедно сочинуваат над 60 засебни тропски островчиња кои се наоѓаат на околу 500 км јужно од Малдивите.
Chagos | |
---|---|
Карта на архипелагот | |
Географија | |
Место | Индиски Океан |
Координати | 6°00′S 71°30′E |
Поголеми острови | Диего Гарсија, Перос Бањос, Саломон, Егмнонт |
Држава | |
Обединето Кралство | |
Британски прекуморски територии | Британска Индоокеанска Територија |
Монарх | Елизабета II |
Демографија | |
Население | 3,000 (2012) |
Етнички групи |
|
Островите се познати и како Оилски Острови, а во минатото и како Басас де Чагас.[2] Чагос, заедно со Малдивите и Лакшадвип, создаваат екорегион.[3]
Чагос официјално се дел од Британската Индоокеанска Територија, а врз нив полага право и Маврициус бидејќи овој архипелаг бил одделен од Околните острови на Маврициус пред Маврициус да стане независен. Островите биле дом на Чагошаните за околу век и половина сè додека Британците не ги евакуирале нив во раните 1970-ти за да можат Американците да изградат воена база во Диего Гарсија. Така, островите присилно биле напуштени и од 1971, само најголемиот остров (Диего Гарсија) има постојано население, поточно со воен персонал.