Цунами
From Wikipedia, the free encyclopedia
Цунами (јапонски: 津波 - пристаништен бран) (津 „цу“, пристаниште; 波 „нами“ - бран) е природна појава на огромни бранови кои потекнуваат од земјотрес или вулканско избувнување, при што се поместуваат тектонските плочи на дното на морето и настанува привремено вознемирување на површината на океанот или морето. Исто така цунамите може да бидат создадени од удар од големи вселенски тела, како на пример метеорити.