Метеорит
From Wikipedia, the free encyclopedia
Метеорит е парче од метеороид што од вселената поминал низ атмосферата и паднал на површината на Земјата или на некое друго небесно тело. Во случај на посилен удар се појавува кратер.
„Метеорит“ на Ризницата ? |
Метеороидите потекнуваат уште од периодот на настанувањето на Сончевиот Систем, при што голем број од нив паднале на Земјината површина. Општо земено, метеорит на површината на некое небесно тело претставува физички објект што дошол од друго место во вселената. Метеорити се пронајдени на Месечината[1][2] и на Марс[3]. До февруари 2010 година, имало околу 1086 паднати метеорити што биле забележани од сведоци, а од кои постојат и примероци. Од друга страна, постојат повеќе од 38.660 добро документирани метеоритски наоди.[4] Годишно на Земјата паѓаат околу 2000 метеорити. Најголемиот метеорит што досега паднал на Земјата бил тежок 60 тони. Втор по големина метеорит од 33 тони е пронајден на Гренланд во 1815 година. Метеоритите претежно паѓаат во морињата, океаните, поларните предели, пустините и ретко населените места.
Метеоритите се делат на три основни групи: железни (сидерити), камени (аеролити) и железно-камени (сидеролити). Околу 60% од метеоритите се со камен состав, а остатокот се железни метеорити.