Пристаниште
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пристаниште е објект за прием на бродови и пренос на бродски товар и патници. Пристаништата вообичаено се сместени на работ на морето, океанот, река или езеро. Пристаништата често имаат опрема за манипулирање со товарот како нпр. специјални кранови и виљушкари кои се користат за товарење и растоварање на бродовите. Честопати фабрики за конзервирање на храна (морска, или друга) се наоѓаат во близина на пристаништата. Во пристаништата кајшто пристануваат големи бродови постојат посебно обучени пилоти и бродови-влекачи (реморкери) кои помагаат бродот безбедно да влезе во пристаништето и да застане до својот док. Пристаништата што прифаќаат меѓународен сообраќај имаат и царински служби.[1]