Црно Боци
село во Општина Центар Жупа From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Центар Жупа From Wikipedia, the free encyclopedia
Црно Боци (понекогаш како Црнобоци) — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.
Црно Боци | |
Воздушен поглед на селото Црно Боци | |
Координати 41°29′3″N 20°34′2″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Центар Жупа |
Област | Жупа |
Население | 30 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1258 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 850 м |
Црно Боци на општинската карта Атарот на Црно Боци во рамките на општината | |
Црно Боци на Ризницата |
Селото е населено со Македонци-муслимани,[2] но поради политичко-религиски причини се изјаснило како турско население.
Селото се наоѓа речиси во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Селото се наоѓа во областа Дебарска Жупа, сместено на западната падина на планината Стогово.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 850 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 11 километри.[3]
До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 2249.
Црно Боци некогаш било маало на селото Баланци, но во 1965 година добило статус на посебно село.[4]
Атарот на селото е заеднички со соседните Бајрамовци и Оџовци и зафаќа простор од 1,7 км2.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 15 домаќинства со 34 жители муслимани (Македонци).[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Евла живееле 434 жители, од кои 84 жители Македонци христијани и 350 Македонци-муслимани.[6]
Селото е мало, населено со турско население. Тоа, во 1961 година броело 59, а во 1994 година 49 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, селото Црно Боци броело 40 жители, сите Турци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 30 жители, сите Турци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Кон крајот на XIX век, Црно Боци било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0564 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Центар Жупа. Во ова избирачко место е опфатено и селото Бајрамовци.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 315 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 326 гласачи.[14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.