Црвена боја (хералдика)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во хералдиката, црвената (меѓународно: gules) е боја која ѝ припаѓа на класата темни бои. Во графиката, оваа боја се прикажува со вертикални пруги, или обележана со кратенката Ц [1].
Во полската хералдика, црвената е најупотребувана боја за полето. Во текот на XVI век, речиси половина од сите благороднички грбови во Полска имале црвено поле со по барем една сребрена фигура на него.