Сребро (хералдика)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во хералдиката, сребрената е боја на сребро, и припаѓа на класата светли бои, наречени „метали“. Оваа боја мошне често се среќава како бела и обете се сметаат за еквивалентна и меѓусебно заменливи. При шпартање, полињата кои треба да бидат сребрени се оставаат празни, или се означуваат со кратенката С[1] во нив.
Кај некои историски ликовни прикази на грбови среќаваме примена на сребрен лист на полињата кои тоа го означуваат. Со време, сребрениот слој потемнувал, и затоа денес стручњаците наоѓаат на потешкотии да ги различат деловите што треба да се сребрени и оние што треба да се црни. Ова доведува до погрешен заклучок дека се работи за кршење на правилото за бои. Во вакви случаи сребрената била поставена веднаш до темна боја, но сега изгледа како црна до темна боја како резултат на потемнувањето.