Палатата Хофбург е палата сместена во Виена, Австрија, која била дом на најмоќните луѓе во историјата на Австрија, вклучувајќи ја и Хабсбуршката династија, владетели на големото Австроунгарско царство. Моментално служи како официјална резиденција на австрискиот претседател. Хофбург била палатата во која Хабсбурговците престојувале во текот на зимата, додека Шенбрун е палатата која ја претпочитале за престој во летото.

Кратки факти Хофбург, Општи податоци ...
Хофбург
Thumb
Секцијата Neue Burg на Хофбург, гледана од Хелденплац.
Thumb
Општи податоци
МестоВиена, Австрија
Координати48°12′23″N 16°21′55″E
Затвори

Областа на палатата Хофбург е документирана како седиште на владата од 1279 година, за време на владеењето на неколку царства и републики.[1]

Дворецот Хофбург бил прошируван нив векови со цел денеска да е составен од: неколку резиденции, капела, музеи, империјална библиотека, национален театар, школо за јавање коњи, коњска штала, како и конгрес центарот на Хофбург.

Неколку архитекти работеле на проширавањето на палата, едни од најпознатите се италијанскиот архитект-инженер Филиберто Лучезе, Лодовико Бурначини и Мартино и Доменико Карлоне. Исто така на него работеле и барокните архитекти Лукас вон Хилденбрадт и Јосеф Емануел Фишер вон Ерлакх, Јохан Фишер вон Ерлакх и други.

Во зданието е сместен и огранок на познатиот Уметничкоисториски музеј.

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.