американска пејачка и глумица From Wikipedia, the free encyclopedia
Ешли Николет Франџипани (англ. Ashley Nicolette Frangipane;[1] родена на 29 септември 1994), естрадно позната како Холзи (англ. Halsey) ― американска пејачка и глумица. Добила неколку награди, како: три „Музички награди од Билборд“, Билбордова „Награда за жени во музиката“,[2] една награда на Американски музички награди и била номинирана за три Греми награди. Во 2020 година списанието Тајм ја ставило на нивниот годишен список од „100 највлијателни луѓе во светот“.[3]
Холзи | |
---|---|
Холзи во 2019 | |
Роден(а) | Ешли Николет Франџипани 29 септември 1994 Edison, New Jersey, U.S. |
Занимање |
|
Активен период | 2012–денес |
Деца | 1 |
Потпис | |
Страница iamhalsey.com |
Ешли Николет Франџипани е родена на 29 септември 1994 година во Едисон, Њу Џерси.[4] Уште како дете научила да свири на виолина, виола и виолончело, а на 14 години почнала да свири гитара.[5] Музички идоли од детството ѝ биле: Аланис Морисет, Џастин Бибер и групата Brand New.[6][7]
Франџипани била задевана на училиште,[8][9][10] а по нејзиниот обид за самоубиство на 17-годишна возраст била хоспитализирана речиси три недели. По ова, ѝ било дијагностицирано биполарно растројство.[11][12] На 17 години, започнала врска со момче кое живеело во близина станицата Холзи во Бруклин, од каде што го зела нејзиното уметничко име. Во 2012 година, дипломирала на регионалното средно училиште Ворен Хилс во Вашингтон, Њу Џерси.[13]
Франџипани почнала да пишува музика на 17 години, а во 2012 година почнала да објавува видеа на социјалните мрежи.[14] Станала позната по пародијата на песната од Тејлор Свифт „I Knew You Were Trouble“, инспирирана од врската на Свифт со Хари Стајлс. Во 2014 година потпишала договор со издавачката куќа Astralwerks; тие ѝ дале поголема креативна слобода од другите издавачки куќи кои сакале да потпише со нив.[15]
По потпишувањето на договорот, Франџипани имала многу акустични концерти во различни градови под неколку сценски имиња.[16] Таа го избрала Холзи како нејзино постојано уметничко име.[17] Таа исто така изјавила дека Холзи е најпопуларно име кое го користела.[18]
Холзи била на турнеја со The Kooks во август 2014 година, а изведувала различни песни од други музичари.[19] На 27 октомври 2014 година таа го објавила нејзиното прво ЕР, Room 93.[20] Во март 2015 година била на заедничка турнеја со Young Rising Sons, а во јуни истата година била воведен изведувач на северноамериканската турнеја на Imagine Dragons, Smoke + Mirrors (2015).[21]
Првиот студиски албум на Холзи, <i id="mw7A">Badlands</i>, бил објавен на 28 август 2015 година. Таа Badlands го опишала како концептуален албум за идното дистописко општество познато како „The Badlands“, што било метафора за нејзината ментална состојба во тоа време.[22][23] Холзи ги напишала сите песни од албумот кога имала 19 години, а продукцијата била раководена од многу продуценти, меѓу кои бил и нејзиното тогашно момче, норвешкиот продуцент Лидо.[24] Албумот добил позитивни критики од музичките критичари.[25][26] Badlands дебитирал на второ место на американската топ-листа за албуми, Билборд 200. Албумот бил успешен и во неколку други земји, како: Австралија, Канада и Нов Зеланд.[27][28][29]
Badlands бил сертифициран за двојно платинест од страна на Здружението на музичките сниматели на Америка (RIAA).[30] Од албумот биле објавени четири синглови: „Ghost", „New Americana", „Colors", и „Castle"; сите тие добиле платинест сертификат во САД.[31] Со „New Americana“ таа за првпат се пласирала на американскиот Billboard Hot 100.[32]
На 29 јули 2016 година, Холзи пеела на синглот од Chainsmokers „Closer“, песна која таа ја напишала.[33][34] Нумерата постигнала огромен комерцијален успех: 12 последователни недели била на врвот на Billboard Hot 100, била на врвот на топ-листите во 12 други земји, била продадена во преку 15 милиони единици и е една од најпуштаните песни на Spotify.[32] Официјалното видео за песната „Closer“ било објавено на YouTube на 29 јули 2016 година и оттогаш има преку две милијарди прегледи.[35] За песната Холзи била номинирана за Греми награда за „Најдобра изведба од поп-дуо/група“.[36][37]
Нејзиниот бтор студиски албум, Hopeless Fountain Kingdom, бил објавен на 2 јуни 2017 година.[38] Албумот, за разлика од нејзините претходни дела, содржел покомерцијални песни.[39] Исто како и нејзиниот прв албум, Hopeless Fountain Kingdom бил концептуален албум за една вљубена двојка во приказна заснована на Ромео и Јулија; албумот бил инспириран од нејзиното раскинување со Лидо.[40] Албумот исто така бил насочен на бисексуалноста на Холзи и на бисексуалните ликови.[41][42] Hopeless Fountain Kingdom дебитирал на врвот на Билборд 200 и на канадската топ-листа за албуми. Вториот сингл од Hopeless Fountain Kingdom, „Bad at Love“, бил објавен на 22 август. Песната се искачила на петто место во САД, што бил нејзин највисок пласман во тоа време.[43] Холзи, исто така, соработувала со групата Thirty Seconds to Mars за песната „Love Is Madness“, од нивниот албум Аmеricа од 2018 година.[44]
Холзи пеела со Калид на деби-синглот од Бени Бланко „Eastside“, кој бил објавен на 12 јули 2018 година.[45][46] Песната се искачила на деветто место на Billboard Hot 100 и била на врвот на топ-листите во пет други земји.[47] Истата година, таа се појавила во два филма: таа го позајмила гласот на Чудесната Жена во Teen Titans Go! и се глумела себеси во Ѕвездата е родена, во режија на Бредли Купер.[48][49][50]
По објавувањето на Hopeless Fountain Kingdom, Холзи била „префрлена“ во Capitol Records, матична компанија на Astralwerks.[51] Нејзиниот прв сингл за издавачката куќа бил „Without Me“, објавен на 4 октомври 2018 година.[52][53] Оваа песна станала нејзин прв соло-сингл кој се искачил на прво место на Billboard Hot 100.[54]
Третиот студиски албум на Холзи, Manic, бил објавен на 17 јануари 2020 година.[55] На објавувањето на албумот му претходеле три сингла: „Without Me", „Graveyard" и „You Should Be Sad" на кои како гости учествувале Доминик Фајк, Аланис Морисет и Суга. Водечкиот сингл „Without Me“ се искачил на прво место на Billboard Hot 100, добил дијамантски сертификацикат од RIAA и до денес нејзина комерцијално најуспешна песна како главен изведувач. За да го промовира албумот, Холзи ја започнала нејзината трета концертна турнеја, но по 17 концерти таа била одложена, а потоа откажана поради COVID-19 пандемијата.[56][57]
На 27 август 2021 година, Холзи го издала нејзиниот четврти студиски албум, If I Can't Have Love, I Want Power.[58] Албумот бил продуциран од членовите на Nine Inch Nails, Трент Резнор и Атикус Рос,[59] и добил пофалби од критиката.[60] Албумот дебитирал на второ место на Билборд 200, но поради немањето на хит-сингл, пократко се задржал на топ-листата.[61][62]
Во јануари 2022 година, Холзи ја напишала и ја компонирала песната под наслов „So Good“. Откако издавањето на песната било одложено затоа што Капитол сакал да ја тестира „виралноста “ на песната, Холзи на 22 мај 2022 година на TikTok објавила видео во кое ја критикувала Capitol Records затоа што не ѝ дозволувала да ја објави „So Good“.[63][64] Пет дена претходно, без одобрение од Капитол, Холзи пуштила дел од нејзината песна во видео на TikTok. Во деновите по нејзината објава, се појавија прашања во врска со тоа дали Капитол ќе преземе правни мерки против неа или не. Капитол рекордс на крајот одредила датум за објавување на песната, 9 јуни 2022 година.[65] Иако некои верувале дека контроверзноста со објавувањето е маркетиншки трик, Холзи тврдела дека не е преправање.[66]
На 15 април 2023 година, списанието Variety објавило дека Холзи и Капитол Рекордс се разделиле.[62][67] На 14 јуни 2023 година, било објавено дека Холзи потпишала со Колумбија Рекордс.[68]
година | Наслов | Улога | Белешки |
---|---|---|---|
2018 | Тинејџерските титани одат на филмови | Чудесната Жена | Глас |
Ѕвездата е родена | Себеси | Камео | |
2021 година | Ако не можам да имам љубов, сакам моќ [69] | Кралицата Лила / Лилит | Придружен едночасовен филм од истоимениот албум |
Пееме 2 | Порша Кристал | Глас | |
2023 година | Американа | Менди Стар | |
2024 година | Максин | Пост-продукција |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.