![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/3a/SOA-Chlamydia-trachomatis-female.jpg/640px-SOA-Chlamydia-trachomatis-female.jpg&w=640&q=50)
Хламидиоза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Една од најраспространетите бактериски причинители на сексуално преносливите болести е Chlamidia trachomatis. По своите микробиолошки одлики е грам-негативна облигатно внатреклеточна бактерија. Честотата на нејзината појава е 3 до 5.000.000 случаи годишно. Кај адолесцентки без симптоми, тестот за Chlamidia trachomatis е позитивен во 5 до 10 отсто, а кај сексуално активни личности во 10 отсто. Постојат три различни генитални родови на хламидијата што може да предизвикаат различни клинички манифестации:
- околугенитални инфекции
- лимфогранулома венерум (зголемување на лифни јазли околу гениталниот тракт).
- трахом (заболување на очите)
- За бактериите, видете хламидии.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/3a/SOA-Chlamydia-trachomatis-female.jpg/320px-SOA-Chlamydia-trachomatis-female.jpg)
Бактеријата навлегува и кон цилиндричниот епител кој се наоѓа на грлото на матката, мочниот канал (уретра) и дебелото црево, а начинот на пренесување е преку полови односи (најчест начин на пренесување), мајчино-фетелна трансмисија како последица на директен контакт на новороденото со родилните патишта на мајката во текот на породувањето и од гениталните органи индиректно преку рацете на око.
Бактеријата може да биде присутна во спермата, вагиналниот секрет, крвта и во урината.