From Wikipedia, the free encyclopedia
Око — името на органот за вид на повеќеклеточните животни. Еволутивно, првите „очи“ претставуваат во суштина молекулска агрегација на фоторецепторите во едноклеточните организми. Со усложнување на градбата на организмите, фоторецепторите се преместуваат на одредено и константно место во организмот, градејќи ги првите сетилни органи за вид. Кај примитивните животни, очите се клучни за брзи реакции во движењата, грабливоста или бегањето. Кај посложените животни, сетилото за вид е само едно од примачите на информации од надворешноста и овие информации се интегрираат во мозокот.
Кај еволутивно најпримитивните животни, сунѓери, не постојат очи како органи. Возрасните сунѓери се силни организми кои имаат филтрирачки начин на исхрана и во нивниот живот фоторецепцијата нема голема улога. Младите сунѓери и ларвите се подвижни организми и ним сетилото за вид им е повеќе потребно, иако сè до неодамна се сметало дека ни ларвите на сунѓерот немаат очи. Со експериментите на осветлување на ларвите, докажано е нејзиното бегање од осветлувањето (тоа понатаму водело до откривање на фоторецепторите групирани на едниот крај на ларвата, опколени со трепките кои ја раздвижуваат ларвата). Кај останатите без‘рбетници, очите по правило се развиени. Исклучок прават паразитски облици или организми во најголемите морски длабочини, но повеќето животни за кои би се рекло дека немаат очи, тие ги имаат. Така, очи постојат кај инсектите, раковите, пајакот, но и кај медузите, планаријата и школките.
Постојат разлики меѓу очите на одделни групи животни. Во прв ред, очите можат да бидат прости, односно изградени од една фоторецепторна клетка опкружена со потпорни клетки или сложени, кога има систем од повеќе рецепторни клетки кои се интегрираат во процесот на примање на дразби. Повеќето прости очи служат само за детектирање на светлина, но кај некои организми (пајаци и некои гасеници) овие очи создаваат и слики. Сложените очи се едни од важните одлики, изградени од многу фацети (мало просто око), по кои се одликуваат инсектите. Иако често се смета дека секоја фацета создава сопствена слика и дека инсектите гледаат умножено, оваа ситуација е ретка — најчесто е во прашање добра координација на фацетата која овозможува создавање на слика од голем агол на гледање и голема резолуција во мозокот. Фоторецепцијата има голема и важна улога во секојдневието кај животните. Кај животните кои зависат од сетилото за вид во потрагата по храна, очите се добро развиени. Најразвиени се очите кои ги поседуваат главонозите и ‘рбетниците. Во овие две групи на животни, очите низ различни еволутивни патеки доаѓаат на исто решение на градба и функционирање на органите за вид.
Очите на ‘рбетниците можат да бидат:
Парните очи се изградени од типот на затворен очен меур (очно јаболко). Очното јаболко е обвиткано со три слоја:
Главната функција и намена на очите во човечкиот организам и воопшто кај ’рбетниците е прием на дразбите на светлината, нивно проследување и обработка до мозокот, по што се создава слика. Односно, преку функционирањето на оптичкиот пат на приемот на дразбите на светлината, очите служат како рецептори и органи на сетилото за вид. Во очите се содржат фоторецепторите коишто се вид на невроцит кои се способни светлинската дразба да ја претвораат во дејствен потенцијал. Поконкретно, фоторецепторот апсорбира фотони кои предизвикуваат промена во мембранскиот потенцијал во акциски кај невронот. Оваа нервна информација евентуално ќе биде искористена од визуелниот систем во черепниот мозок за да формира слика на визуелниот свет.
Очите (најчесто, очите на некоја девојка или жена) се јавуваат како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.