Хипократ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хипократ од Кос II или Хипократ од Кос (грчки: Ιπποκράτης), 460 П.Н.Е. –ц. 370 П.Н.Е., бил доктор во Стара Грција кој живеел во добата на Перикле. Заради неговите огромни придонеси во полето на медицина, Хипократ се смета за „татко на медицината“. Хипократската школа ја дефинирала медицината како засебна дисциплина (одворена од други како на пример, теургијата и филозофијата).
Хипократ од Кос | |
---|---|
Гравура од Петар Паул Рубенс од 1638 година | |
Роден(а) | прибл. 460 п.н.е. Кос, Грција |
Починал(а) | прибл. 377 п.н.е. Лариса, Грција |
Други имиња | грчки: Ἱπποκράτης |
Занимање | лекар |
Хипократ и неговите следбеници го создале Хипократскиот Корпус, збирка на тогашните целокупни познавања поврзани со медицината и дефинирала морален код според кој докторите треба да живеаат и работат.[1][2] Корпусот исто содржел клинички белешки за како да се прегледуваат пациентите. Белешките биле куси, но, мошне јасни и прецизни.[3] Длабочината на информациите презентирани во овој корпус е мошне ценет до ден-денес. Модерните доктори сѐ уште ја земаат Хипократовата заклетва во малку изменета форма.[4][5]