Лекар
лице што професионално се занимава со медицина / From Wikipedia, the free encyclopedia
Лекар[3] или доктор[4] — специјалист по медицина. Лекарот е стручно лице што практикува медицина, која се занимава со промовирање, одржување или обновување на здравјето преку проучување, дијагностицирање и лекување на болести, повреди и други физички и ментални нарушувања. Лекарите може да ја фокусираат нивната пракса врз одредени категории на болести, видови на пациенти и методи на третман, познати како специјалности, или да ја насочат нивната одговорност на обезбедување континуирана и сеопфатна медицинска грижа за поединци, семејства и заедници - позната како општа пракса. Медицинската пракса бара детално познавање на академските дисциплини (како што се анатомијата и физиологијата), основните болести и нивниот третман, но исто така бара и компетенции во примена на овие знаења во практиката – знаење и умеење на медицината.
Докторот од Лук Филдс (детаљ)[1][2] | |
Занимање | |
---|---|
Називи | Лекар или доктор |
Вид | професионалец |
Надлежности | медицина, здравствена заштита |
Опис | |
Способности | етичност, знаење и умеење на медицината, аналитичност, критичко размислување |
Потребно образование | медицински факултет |
Дејности | клиники, болници, амбуланти |
Сродни занимања | доктор по општа пракса
матичен лекар специјалности |
Улогата на лекарот и значењето на самиот збор варираат во целиот свет. Потребните квалификации варираат во голема мера, но постојат некои општи елементи, како што е медицинската етика која бара лекарите да покажат внимание, сочувство и добронамерност за своите пациенти.
Во Македонија доктор станува лице кое завршило медицински факултет чие траење е 6 години[5] по чие завршување се стекнува со звање „доктор по медицина“. Како и во многу други држави за да може лицето самостојно да работи предуслов е да добие лиценца за што треба да полага стручен испит.[6]
После студиите можно е да се продолжи со специјализација за одредена специјалност. Специјализацијата трае од 4 до 6 години во зависност од гранката на специјализација.[7]